Вести
Русија бара појаснување на амбасадата на САД во врска со извештаите за наводни жртви во Сирија

Русија сака да добие појаснување од амбасадата на САД во Москва во врска со извештаите што американската дипломатска мисија ги лиферувала за наводни смртни случаи меѓу цивилното население како последица од руските воздушни удари врз екстремната сунитска организација Исламска држава во Сирија, соопшти во четвртокот руското министерство за надворешни работи, истакнувајќи дека таквата активност на Вашингтон се случуваат токму пред одржувањето во петок во Виена на меѓународната средба за решавање на конфликтот во Сирија.
„Како што штотуку дознавме, денеска, буквално пред нашиот брифинг со новинарите, амбасада на САД во Москва до медиумите испратила детален информативен материјал кои се однесува на жртви од руските операции, дека руските акции во Сирија не се против терористите, туку против опозицијата…., вклучително и врз цивилни објекти. Повторно американското соопштение во лиферуваниот материјал се повикувана британска група за човекови права во Сирија, за којашто ние повеќепати се изјаснивме“, изјави портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, пренесува агенцијата РИА.
Станува збор за опозициската ткн Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон и се повикува на наводна мрежа активисти на теренот, претставена како невладина организација од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година, којашто ја води Рами Абдулрахман, за кој руското министерство за надворешни работи уште од почетокот на сириската криза тврди дека е сопственик на сириски ресторан во британската престолнина со недооформено основно образование за да има компетенција да води ваква организација.
„Тоа се многу детални материјали во кои директно се обвинува руската страна за смрт на цивили“, дополни Захарова.
„Сето тоа се случува, во прв ред, во заднината на претстојната средба (за Сирија) во Виена, за којашто сите се подготвуваме, сето тоа се случува во атмосфера на повторените повици од Вашингтон, до Стејт департментот до Министерството за надворешни работи на Русија, со барање да се разговара за решавањето на сирискиот конфликт“, истакнува портпаролката на руската дипломатија.
„Лично имам големи сомнежи дека челниците на Стејт департментот воопшто знаат што работат нивните претставници во дипломатските мисии“, се сомнева Захарова повторувајќи дека за материјалите коишто ги испратила амбасадата на САД до медиумите кои имаат дописништва во Москва се бара целосно појаснување.
Претходно во четвртокот претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и полумесечина акредитирани во Сирија објавија дека не можат да ги потврдат пишувањата на западните медиуми за наводни руски воздушни удари врз болници во оваа земја//крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.