Вести
Русија и Кина ја зајакнуваат соработката

Кинескиот претседател Си Џингпинг и неговиот руски колега Владимир Путин, потпишувајќи ги договорите за соработка, во неделата во кинеската престолнина Пекинг, најавија дека ќе ја зајакнат меѓусебната соработка без оглед на ситуациите во светот и честите обвинувања за авторитарно владеeње.
Западните агенции забележуваат дека станува збор за десетта средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот челник Си Џинпигн, откако овој пред две години дојде на претседателската должност, а се случува непосредно пред започнувањето на самитот азиско-пацифичките земји APEC на кој ќе учествува и американскиот претседател Барак Обама.Кинескиот челник Си, кој со рускиот колега потпиша договори главно во областа на енергетиката, изрази задоволство од тоа што „дрвота на кинеско-руските врски“ е силно и добро расте.„Есен е и време е да ги собираме плодовите. Без оглед на промените на светската сцена, мораме да одиме по патот кој го избравме за да ги продолжиме и да ги зајакнеме нашите успешни соработки“, истакна кинескиот претседател.„Соработката меѓу Кина и Русија е многу важна за светот, тој да се задржи во рамката на меѓународните закони, за да биде постабилен и помалку непредвидлив“, изјави, пак, рускиот челник Владимир Путин.Приближувањето меѓу Русија и Кина последните години се одвива со забрзано темпо, особено со сѐ поголемото продлабочување на разликите меѓу Москва и западните земји, и откако кинеските амбиции и демонстрацијата на моќ во регионот предизвикуваат загриженоста кај соседите кои се главно стратешки регионални сојузници на САД. Двајцата претседатели беа присутни и на потпишување на неколку значајни договори, во прв ред во сферата на енергетиката, меѓу двата енергетски гиганти – руски „Роснефт“ и кинески CNPC. Претходно годинава Москва и Пекинг потпишаа мегадоговор за испораки на руски природен гас на Кина во следните 30 години, чија вредно се проценува на 400 милијарди американски долари.Средбата на врвот на челниците на земјите од азиско-пацифичкиот регион треба да заврши во среда со заедничко соопштение во коешто ќе се потврди определбата на APEC за слободна трговија во тој дел од светот.На самитот се најавени и мноштво билатерални средби на светските челници, а јавноста исчекува дали е можна средба меѓу американскиот претседател Барак Обама и рускиот Владимир Путин, во период кога односите меѓу двете земји, односно на Москва со Западот, во врска со украинската криза се на најниското ниво од крајот на Студената војна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.