Контакт

Вести

Русија објави снимка од следењето на гаѓаниот хуманитарен конвој во Сирија.ВИДЕО

Објавено пред

Русија објави во вторникот вечерта видео снимка за нападнатиот хуманитарен конвој на Обединетите нации во Сирија за кој Западот и од него подржаните бунтовници ги обвинуваат Дамаск и Москва, на кои се гледа како покрај конвојот на територија под контрола на бунтовниците минува пикап со монтиран минофрлач од голем калибар, како што појасни портпаролот на руското министерство за добрана, Игор Конашенков.

dobivaj vesti na viber

Снимката направена од руското беспилотно летало коешто го следело хуманитарниот конвој кој минувал во понеделникот низ територијата којашто ја контролираат сириските бунтовнички групи, беше прикажана и на телевизијата Россия-1.

„Анализата на видео записот од беспилотното летало од вчерашното движење на хуманитарниот конвој низ територијата којашто ја контролираат бунтовниците во северната сириска покраина Алепо овозможи да се откријат нови детали. На снимката многу добро се гледа како покрај конвојот терористите минуваат со пикап со прицврстен минофрлач со голем калибар“, рече генерал-мајорот Конашенков.

„Не е јасно, навистина, кој кого ’прикрива’ – минофрлачот конвојот со волонтерите на ’Белите шлемови’ или е обратно? И, најглавното, каде исчезнува минофрлачот во близина на крајната дестинација на рутата на конвојот и по кого отворил оган за време на нејзиното стоење и растоварување?“, додаде портпаролот на руското министерство за одбрана.

Ноќта кон вторникот заедничкиот конвој на Црвениот крст и хуманитарните агенции на ОН беше погоден во областа на Урум ал-Кубра, во западниот дел на Алепо. Нападот се случил во близина на магацинот на Сириската арапска Црвена полумесечина. Во нападот загинале повеќе од 20 луѓе, а уништени се 18 од 31 камион од конвојот.

„Внимателно ги проучивме видео записите од таканаречените активисти од местото на настанот и не утврдивме никакви знаци коишто би укажувале дека конвојот е погоден од муниција. Нема оштетувања на каросеријата или на конструкцијата од експлозивен бран од авионски проектил. Сé она што може да се види на видео снимката е директна последица од фактот дека товарот се запалил, којашто се совпаѓа со почетокот големата офанзива на бунтовниците во Алепо“, изјави претходно во вторникот Конашенков.

Конашенков прецизираше дека околу пладне по локално време хуманитарниот товар бил безбедно доставен, по што, Центарот за помирување престанал со мониторингот на конвојот. Според него сите информации за локацијата на конвојот биле достапни само на бунтовниците коишто ја контролираат таа област и потсети дека во оваа област во понеделникот вечерта борците на Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, започна голема офанзива.

Според него, одговорот на прашањето кој е одговорен за пожарот „можат да го дадат само оние коишто како и секогаш ’случајно’ се наоѓаат во вистинско време и на вистинско место со видеокамери лица блиски на организацијата ’Бели шлемови’ блиска на Џебхат ан-Нусра“.

Сириската опозиција и САД за нападот и обвинија владата во Дамаск и Русија, велејќи дека во покраината се активни само нивните авијации. И Дамаск и Москва категорично негираа дека нивните авиони дејствувале врз конвојот. Нападите за наводниот воздушен удар врз хуманитарниот конвој во Алепо, портпаролот на Крем, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли како „неосновани“.

Според официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, во светската организација не можат да ги утврдат околностите на нападот врз конвојот, но „различни извори“ потврдиле дека во градот во понеделникот бил отворен оган од артилериско оружје.

Од друга страна, претставници на американската администрација изјавија дека хуманитарниот конвој бил подложен на воздушни удари, истакнувајќи дека меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД не била вклучена во нападот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ13 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ14 часа

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ15 часа

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија18 часа

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет19 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет19 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет1 ден

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет1 ден

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа1 ден

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ1 ден

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет2 дена

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија2 дена

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...