Контакт

Вести

Русија покрена истрага за убиството на рускиот снимател во Украина

Објавено пред

Руските власти донеле одлука за покренување истрага за случајот со убиството на снимателот од руската телевизија „Канал 1“, Антониј Клијан,  во источна Украина, изјавил во понеделникот портпаролот на рускиот истражен одбор, Владимир Маркин.

dobivaj vesti na viber

„Кривична постапка е отворена за убиството на Анатолиј Клијан во Донецк, врз основа на членот 356 од рускиот кривичен законик“, потврдил Маркин за агенцијата Интерфакс.

 

Истражниот одбор на Руската Федерација претставува главен истражен орган во Русија и директно е подреден на шефот на државата. Ова тело често се опишува како руско „FBI“.

 

По повод смртта на Клијан се огласило и руското министерство за надворешни работи кое навело дека смртта на снимателот во регионот Донецк докажала дека Украина се противи на деескалација на вооужените судири.

 

„Смртта на рускиот новинар уште еднаш покажа дека украинските структури го прекршиле „кревкото“ примирје на истокот од земјата“, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува Итар – Тасс.

 

Клиан (68) заедно со своите колеги и својата сопруга тргнале во посета на својот син кој служел воен рок во украинската војска. Тие тргнале кон нивната единица со цел да побараат нивниот син да биде пуштен дома.

 

Руската агенција Итар – Тасс наведува дека најновото убиство на рускиот снимател е уште едно во синџирот смртоносни напади врз новинари во вооружениот конфликт во кој учествува украинската војска во југоисточна Украина.

 

Претходно двајца дописници на Руската централна телевизија и радио станица „VGTRK“, специјалниот дописник Игор Корнелијук и инженерот за тон, Антон Волошин,беа убиени во близина на источниот украински град Луганск на 17 јуни, а на 24 мај италијанскиот фотодописник, Андреа Роксели, и неговиот руски преведувач, Андреј Миронов, загинаа за време на минофрлачки напад во близина на градот Славјанск.

 

Итар – Тас потсетува дека на 20 јуни, украинскиот претседател, Петро Порошенко, прогласи седумдневен прекин на огнот на југоистокот од земјата и дека во неделата најави тридневно продолжување на примирјето, меѓутоа голем број извештаи говорат за големи прекршувања на оваа одлука./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија10 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија13 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија14 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија15 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ18 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет18 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија18 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија18 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија19 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...