Вести
Русија прифаќа да биде домаќин на преговори за нуклеарно разоружување на Блискиот исток

Москва е подготвена да биде домаќин на конференција за уништување на нуклеарното и оружјето за масовно уништување на Блискиот исток, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на неговата посета на Судан.
„Таму би требало да се одржи конференција за елиминирање на оружјето за масовно уништување и за подготовка на договорот за Блискиот исток да биде без нуклеарно оружје. Мислам дека би можеле да бидеме домаќини во скора иднина“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред одржување на форумот за соработка меѓу Русија и Арапската лига.
Лавров во ноември ја посети австриската престолнина Виена, каде што учествуваше во преговорите за контроверзната иранска нуклеарна програма на коишто Техеран и шесте светски сили не успеаја да дојдат до историскиот договор со кој ќе биде надминат деценискиот спор меѓу Иран и Западот што доведе до низа економски санкции кои ја погодуваат иранската економија.
Западот бара Иран да ги намали своите нуклеарни капацитети и особено да го намали нивото на збогатување на ураниумот, со намера да го спречи евентуално да произведе атомска бомба. Техеран, пак, постојано истакнува дека нуклеарната програма е негово суверено право и дека таа има само цивилна намена, за добивање електрична енергија и во медицински истражувања и бара укинување на санкциите што му ги воведе Западот.
Израел, во моментов, е единствената нуклеарна сила на Блискиот исток, иако тоа никогаш јавно не го признава.
Лавров во суданската престолнина се сетна со колегата Али Кари и со суданскиот претседател Омар ел-Бешир. Во средата попладнето рускиот министер за надворешни работи изјави дека Москва сака да ја зајакне воената соработка со Судан кој е изолиран во меѓународната заедница, но „во смисла која нема да ја наруши рамнотежата на силите во регионот“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.