Контакт

Вести

Русија со помпезна воена парада ја слави победата во 1945-та

Објавено пред

Русија во сабота со досега најголемата воена парада во традицијата, но без присуство на западноевропските и американските политички челници го одбележува 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Западот ја обвинува Русија дека се вмешала во конфликтот во источна Украина каде што повеќе од година трае бунтот на рускојазичното мнозинство и им дава поддршка. Москва тоа одлучно го негира, бара докази за таквите тврдења и, обратно, го обвинува САД и Западот дека стојат за превратот од пролетта 2014 година со кој беше соборен украинскиот претседател Виктор Јанукович, наклонет на Русија,

Меѓутоа западниот бојкот не му попречи на рускиот претседател Владимир Путин, задоволно да ги пречекува другите светски челници, како кинескиот претседател Си Џинпинр, индискиот Ранаб Мукерји, египетскиот Абдел Фатах-ал-Сиси и кубанскиот, Раул Кастро, како и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, пред кои на парадата ќе покаже и стотина нови видови оружје и воена техника.

Новиот руски тенк „Армата Т-14“, кого експертите го означија како најмоќниот во својата класа денеска на светот, меѓуконтиненталните балистички ракети од 50 тони и 16 илјади војници од утрото минуваат пред дваесетина шефови на држави поканети на официјалната трибина, од каде што ја следат парадата којашто демонстрира дека Русија се враќа во центарот на светската сцена четврт век по распадот на Советскиот сојуз.

По воената парата повеќе од 160.00 луѓе во центарот на Москва ќе минат во поворка во којашто московјаните ќе носат потрети на своите татковци и дедовци, ветерани од војните. Во текот на вечерата предвидени се големи концерти на отворени и огномети на повеќе места во руската престолнина, како и во градовите низ цела Русија.

Прославата се одвива во атмосферата на најголемите тензии меѓу Русија и Западот по завршувањето на идеолошката Студена војна. Ретки се западните политички челници, како на пример чешкиот претседателот Милош Земан, кои присуствуваат на прославата во Москва, кои беа изложени на притисок да се придружат на бојкотот. Чешкиот и словачкиот претседател под притисок, како и францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус, така нема да присуствуваат на прадата. Претходно во петокот, шефот на германската дипломатија Фрнк-Валтер Штајнамер во придружба на својот руски колега Сергеј Лавров го посети меморијалниот центар во Волгоград посветен на битката за поренешен Сталинград.

Во недела, сепак, во Москва ќе допатува германската канцеларка Ангела Меркел, којашто во дводневната посета ќе положи цвеќе на Гробот на незнајниот јунак, а ќе се сретне и со Путин, но засега двете страни не ги објавија темите на можните разговори.

Грција којашто во Москва ја претставува претседателот на парламентот, Зои Константинополу, на својот паралментарен телевизиски канал директно ја пренесиува парадата во Москва.

На парадата беа прикажани покрај тенкот „Армата Т-14’, и самооднито топ „Коалиција СВ“ со дострел од 70 километри, противтенковскиот систем „Корнет-Д“, со максимален дострел од 10 км, противтенковското оклопно возило „Кургенец-25’, како и „Корнет-Д“ има надграден систем за активна одбран од мини. Прикажани беа и амфибиските транспортни оклопни возила „Бумеранг“, како и неколку системи од меѓуконтинентални балистички ракети „РС-24“, долги над 20 метри, тешки 50 тони, со дострел од 11.000 километри.

Путин не е загрижен поради бојкотот на Европејците и Американците, кои во петокот ја прославија 70-годишнината од крајот на Втората светска војна, која во Русија се смета за уште еден доказ за патриотизмот на рускиот народ и подготвеноста на себежртвуање за татковината. Пред прославата рускиот претседател раскажа како неговата мајка ги преживеала страшните 900 денови опсада на поранешен Ленинград (Санкт Петербург), во кој брат му починал од дифтерија а татко му бил тешко ранет од граната што ја фрлил германски војник.

Руските медиуми деновиве прикажуваа репортажи со документарни материјали и снимки од Втората светска војна, од борбите за Сталинград и опсадата на Ленинград, па до ослободувањето на концентрационите логори и заземањето на Рајхстагот во Берлин, споменувајќи го десетината милиони жртви, коишто, пак, во западните медиуми не се споменуваат. Но западните медиуми забележуваат затоа дека во материјалите емитувани на руските телевизии „се вратил“ советскиот диктатор Грузиецот Сталин.

Анкетите покажуваат дека во 2008 година само третина Руси сметале дека големите цели на СССР го оправдувале жртвите кои биле дадени за време на сталинистичките чистки, но сега така мислат половината, според испитувањето на јавното мнение спроведено од центарот Левада./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Свет3 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет3 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет3 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа3 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија11 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет15 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет16 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет23 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет23 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет24 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет24 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија2 дена

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...