Контакт

Вести

Русија тестираше пресретнувачка ракета

Објавено пред

Русија успешно лансирала ракета – песретнувач со долг дострел која може да погоди и до 10 балистички цели, а која планирано е да биде дел од рускиот противракетен систем „Ѕ – 500“.

dobivaj vesti na viber

„Пробното лансирање беше спроведено кон крајот на јуни. Сите поставени цели и задачи во овој случај беа во потполност извршени“, истакнал анонимен извор кој додал дека станува збор за нова генерација на системот „Ѕ – 500“ што  го произведува рускиот концерн „Almaz – Antey“, информираат странските агенции.

 

Крстосувачката ракета со боева глава од типот „S – 500“ има можност да открие и погоди истовремено и до десет балистички цели, а постигнува брзина од седум километри во секунда, наведува Итар – Тасс.

 

Според направените проценки системот за противвоздушна одбрана „Ѕ – 500“ според борбените можности би требало да го надмине ПВО системот „Ѕ – 400“, кој моментално се употребува, како и неговиот американски ривал ПВО системот „RAS – 3“ кој е и најнов модел на ПВО системот Патриот./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава....

Европа36 минути

Орбан: ЕУ нема пари, а планот за вооружување може да ја уништи Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го исмеа амбициозниот нов план на ЕУ за големи дополнителни трошоци за одбраната, предупредувајќи дека тоа...

Македонија1 час

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 23 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -5 степени, -4 било во Битола, -3 во Струмица, -2 во...

Македонија1 час

ДУИ: За прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата

„За прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата на Северна...

Македонија2 часа

Левица: Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на клинички

„Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот...

Свет2 часа

(Видео) Експлодираше „Старшип“ на Маск, паѓаа делови, стопирани се авионски летови

Вселенското летало Starship на SpaceX експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат...

Европа2 часа

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го обвини својот колега Владимир Путин дека е „ревизионистички империјалист“, кој, според неговите зборови, направил...

Свет3 часа

Трамп: „Ако НАТО не плати, нема да ги бранам“, Макрон му одговори

Доналд Трамп вчера ја доведе во прашање и посветеноста на САД кон НАТО и солидарноста на сојузничките земји во рамките...

Европа3 часа

(Видео) Европската ракета лансираше шпионски сателит

Нова европска ракета Ariane 6 вчера успешно лансираше француски шпионски сателит на својата прва целосно оперативна мисија, означувајќи го враќањето...

Европа4 часа

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, поддржани од 26 од 27 земји

Лидерите на сите земји-членки, освен Унгарија, ја повторија својата силна поддршка за Украина и ја истакнаа потребата руската агресија да...

Топ17 часа

Младо момче добило лажна порака да се сретне со девојка, па било однесено во куќа во Ѓорче и претепано

Хорор во скопската населба Ѓорче Петров. Мајка пријавила во полицијата дека нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен...

Македонија18 часа

Обвинителството со детали: Кумановката добила 4.000 евра за бебето од брачната двојка, а кога го барала назад не и’ го враќале – притвор за сопружникот и мајката

Обвинителството донесе наредба за истражна постапка против пет лица, во случајот со родилката од Куманово која и’ го дала своето бебе...

Македонија19 часа

Се намалува бројот на грипозни, но и последнава недела е со рекорден број новозаболени во споредба со изминатите 14 сезони

Бројот на новозаболени од грип се намалува во споредба со минатата недела, но ако се спореди со истата недела изминатите...

Економија21 час

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании...

Свет21 час

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари...

Македонија21 час

Димитриевска-Кочоска бара трпение од граѓаните за скандалот со Петровска: Многу бргу на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, и седум дена по скандалот во Собранието, е на ставот дека не погрешила и нема...

Македонија22 часа

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата бидејќи тоа ќе го...

Свет23 часа

(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот...

Македонија23 часа

Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин. Како што извести АМСМ, на излезот...

Македонија1 ден

„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа...