Контакт

Вести

Русија во ОН ја обвини Турција за снабдување на Исламската држава

Објавено пред

Русија во седиштето на Обединетите нации во Њујорк ноќта кон четвртокот ја обвини Турција дека ги снабдува џихадистите од екстремната сунитска организација Исламска држава со компоненти за правење импровизирани експлозивни направи.

dobivaj vesti na viber

Во писмото коешто постојаниот руски претставник во светската организација Виталиј Чуркин му го испратил на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се наведува дека таквите направи се во широка употреба за изведување на терористичките акции.Чуркин напишал дека анализата на хемиските компоненти на експлозивот запленет од џихадистите во ирачкиот град Тикрит и во курдскиот сириски град Кобане, на самата сириско-турска граница, покажува дека тие или се произведени во Турција или се испорачани во оваа земја без право на натамошен извоз.Рускиот амбасадор во ОН обвинува конкретно наведени пет турски компании, „Ѓулташ Кимија“, „Марикем Кимијеви ве Ендистриел Јурјунлер“, „Метким“, „Екн Гјубре“ и „Дивересј Кимија“, дека специјално на Исламската држава ѝ доставувале алуминиумска прав, амониум нитрат, хидроген пероксид и други супстанции произведени од разни турски и странски компании. Чуркин, исто така, истакнува дека за седум пати е зголемен извозот од Турција во Сирија на амониум нитрат кој терористите го користат како компонента за производство на импровизирани експлозивни направи.„Овие факти укажуваат дека турските власти намерно се вклучени во активностите на Исламската држава“, вели Чуркин. Притоа рускиот амбасадор обраќа внимание дека особена карактеристика на импровизираните експлозивни направи коишто ги користи Исламската држава, запленети во работилниците на џихадистите на Блискиот исток, е употребата на микро-контролерите на американската компанија „Микрочип Технолоџи“, транзистори на швајцарската компанија „Ес-Ти Микреолектроникс“, како и мобилни телефони на финскиот производител „Нокиа“ од моделот 105 RM-908.Портпаролот на турското министерство за надворешни работи во Анкара го нарече писмото на Чуркин „најнов пример во пропагандната кампања на Русија против Турција, а како таква не може сериозно да биде сфатена“.Русија и на почетокот од април ја обвини Турција за помагање на Исламската држава,како главен снабдувач со оружје и воена опрема. Претходно беа објавувани снимки од колони цистерни кои наводно со години превезуваат нафта и деривати кои џихадистите ги експлоатираат од наоѓалиштата и рафинериите од териториите кои ги контролираат во Сирија и Ирак. На таквите обвинувања за купување на нафтата од страна на Турција, се надоврзаа и некои турски новинари против кои претседателот Реџеп Тајип Ердоган покрена тужба, како и борци од сириската вооружена опозиција./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ17 минути

Приведени четворица за пукањето во Чаир, двајца од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа

Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што...

Македонија1 час

Германската министерка на средбата со Муцунски: Потребна ни е обединета ЕУ, која нема да биде блокирана од одделни земји членки

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни...

Македонија2 часа

Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера...

Македонија3 часа

Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз

Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа,...

Регион4 часа

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија

Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти...

Македонија5 часа

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија5 часа

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет8 часа

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет8 часа

Белата куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...

Топ17 часа

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...

Македонија23 часа

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити...

Македонија1 ден

Адвокатот Туфегџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска...

Македонија1 ден

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа...

Македонија1 ден

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања. Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле...

Македонија1 ден

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно...

Македонија1 ден

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба...

Свет1 ден

Нуклеарната вежба на НАТО започнува денеска: „јасен сигнал до Москва дека алијансата е подготвена да се брани“

Денеска НАТО ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 воен персонал од осум воздушни бази...

Свет1 ден

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот...

Свет1 ден

Хуманитарна пауза: Во Газа започнува вториот круг на вакцинација против детска парализа

Денеска во Појасот Газа треба да започне вторниот круг вакцинација против детска парализа, чија цел е околу 590.000 деца под...

Македонија2 дена

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...