Контакт

Вести

Руските стратешки бомбардери имаа огнено крштевање во Сирија

Објавено пред

Првпат од почетокот на руската воена воздушна операција во Сирија во вторникот беше вклучена и руската стратешка авијација, односно тешките бомбардери со долг долет од типовите „Ту-160“, „Ту-95МС“ и „Ту-22М“ кои нанесоа масивни напади со проектили и бомби врз позициите на екстремната сунитска организација Исламска држава во Сирија, по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, откако безбедносните служби претходно го известија дека причина за падот на рускиот патнички авион со 224 луѓе на 31-ви октомври на Синај е експлозија на подметната бомба во авионот, за што претходно одговорноста ја презема споменатата џихадистичка групација.

dobivaj vesti na viber

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е и врховен командант, го доби во текот на денот преку видео-конференција рапортот до министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската армија Валерија Герасимов, како и командантите на разните видови војски, како и информации за текот на подготовките за заедничкиот акционен план со француските поморски сили во борбата против Исламската држава во Сирија.Една од важните новини кога станува збор за руските воени операции во Сирија е тоа што по барање на рускиот претседател се планираат и заеднички операции на воените морнарици на Русија и на Франција.Наскоро во областа на руските активности ќе се приклучи група француски воени бродови предводена од носач на авиони. Путин порачал дека е неопходно руските команданти да воспостават директен контакт со француските колеги и да разработат заеднички операции и на море и во воздух.Претходно во вторникот извори од француското министерство за одбрана потврдија за AFP дека француските воздушни удари врз седиштето на Исламската држава во Рака била поддржана од руската морнарица која дејствувала со крстосувачки ракети од акваториумот на Средоземното Море. Путин бил известен дека покрај оперативно-тактичката воена авијација којашто оперира од сирискиот аеродром Хмејимим, во вторникот биле ангажирани 12 авионот кои полетале од руска територија, од споменатите типови кои во раните утрински часови извршиле масивно бомбардирање на врз цел на Исламската држава во покраините Рака и Деир-ез-Зор.Според министерот Шојгу, авионите од бомбардерите од типовите „Ту-160“ и „Ту-95МС“, кои во своето вооружување имаат и ракети, лансирале 34 наведувани крстосувачки ракети врз цели на терористичката организација во двете сириски покраини. Како што потврдил генералот Герасимов, а претходно потврдија и функционери во Вашингтон, за оваа руска акција, благовремено биле известени сите членки од меѓународната коалиција предводена од САД којашто исто така изведува воздушни операции против Исламската држава во Сирија и во соседен Ирак.Командантот на руските воздухопловни сили за долги летови, Анатолј Жихарев го известил Путин дека авионите „Ту-160“, „Ту-95MS“ и „Ту-22M3“ во текот на операциите минале во воздух повеќе од осум часа. „Во текот на изведувањето на нападите, авионите „Ту-22М3’ за еден лет во траење од 5 часа и 20 минути изминале растојание од 4.510 километри, а авионите ‘Ту-160’ и ‘Тѕ-95МС’ минале во воздухот 8 часа и 20 минути“, истакнал Жихарев.Според него, авионите „Ту-160“ и „Ту-95МС“ по извршување на задачите се приземјиле на матичните аеродроми на руска територија каде се сервисираат за нови летови. Засилената ескадрила од стратешките бомбардери „Ту-22М3“ од базата во Моздок во продолжение извела два групни напада врз цел на Исламската држава во источните делови на Сирија, во покраините Деир-ез-Зор и Рака, додал.Во овие масивни воздушни напади руските бомбардери лансирале 34 крстосувачки ракети со долг дострел при што биле уништени 14 важни објекти на Исламската држава, соопшти руското министерство за одбрана. Станува збор за објекти кои служеле за координација на силите на џихадистите во покраините Идлиб и Алепо. Покрај тоа, биле уништени и складишта со муниција и друга воена опрема на Исламската држава во северозападна Сирија, засолништа, кампови за обука на борци и бомбаши самоубијци.Герасимов истакнал дека и во рамките на вторничните бомбардирања во Сирија руската авијација уништила и значителен дел од инфраструктурата којашто џихадистите ја користат за илегална продажба на нафта и гас, преку што се финансира Исламската држава, нагласувајќи дека биле уништени две колони цистерни за транспорт на енергенси. Руските воени функционери, притоа, ги истакнале успесите на армијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, на чијшто повик се ангажирани руските сили во оваа земја, којашто првпат по четири години успеала да ослободи 80 населени места. Челниците на руските вооружени сили најавувајќи зголемување на интензитетот на воздушните операции во Сирија, најавија и дека се разработува план за вклучување и на напредната генерација напредни руски борбени летала.Според Герасимов, се планира зголемување на борбените летови од сирискиот аеродром Хмејимим, и дополнително ангажирање на напади од руска територија на 25 авиони на силите со долг лет, како и на осум напредни бомбардери „Су-34“ и четири јуришни авиони од типот „Су-27СМ“ од новата генерација. Притоа, за прецизно водење на операциите ќе бидат активирани и дополнителни сателити од руските воени вселенски капацитети.Вкупно во изминатите 48 дена, колку што трае руската воздушна операција во Сирија, биле извршени 2.289 борбени летови и биле извршени 4.111 ракетни напади и бомбардирање врз главни цели на инфраструктурата на Исламската држава, при што биле уништени складишта на воена опрема и жива сила на џихадистите. Биле уништени 562 командни точки, 64 кампови за обука на терористи, 54 фабрики и други постројки за производство на оружје, магацини за муниција и горива, како други објекти./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија2 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија5 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија5 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија7 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија7 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија8 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија8 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија9 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија9 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија9 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија9 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет13 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет13 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет14 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет14 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа14 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет14 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет20 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет20 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...