Контакт

Вести

С. Кореја копа тунел на местото на нуклеарните проби, се стравува од нов тест

Објавено пред

Северна Кореја копа нов тунел на локацијата за нуклеарни проби, имајќи предвид идно изведување на нови проми на атомски средства, соопшти во петокот Јужна Кореја, два дена пред во Сеул да се сретнат челниците на Јужна Кореја, Јапонија и Кина, каде во недела во одвоена посета во недела, исто така, ќе пристигне и американскиот министер за одбрана Ештон Картер, кој со јужнокорејските одбранбени функционери ќе разговара за реагирањата на ракетната и нуклеарна закана од Пјонгјанг.

dobivaj vesti na viber

Местото се наоѓа на источниот брег на Северна Кореја каде што се изведени претходните три нуклеарни проби, а работници и возила забрзано работат на нов тунел, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на неименувани извори во владата во Сеул.

„Фактот дека градат нов тунел упатува на тоа дека намерата е да се изведе нуклеарна проба во одреден момент“, рекол соговорникот на агенцијата. Нема докази коишто би наведувале на заклучокот дека подготовките се преземени за проба во скора иднина, додал изворот.

Извештајот се појави во моментов кога се подготвува состанокот на челниците на Јужна Кореја, Јапонија и Кина во недела во јужнокорејската престолна Сеул, на кој треба да стане збор и за задушувањето на програмите на Северна Кореја за производство на оружја за масовно уништување.

Северна Кореја упорно работи на својата нуклеарна програма, но аналитичарите не сметаат дека четвртото нуклеарно тестирање би можело да се случи наскоро, особено по договорот со Јужна Кореја постигнат во август годинава, за соработка на попуштањето на тензиите на полуостровот и подобрување на меѓусебните врски.

Пјонгјанг досега изведе три нуклеарни тестирања, а последниот во низата беше изведен во февруари 2013 година, но неодамна се закани дека ќе го изведе и четвртиот. Последната проба наиде на осуда и од Кина, нејзиниот главен дипломатски сојзунил, и се наоѓа под санкции на Обедиентите нации кои забрануваат трговија преку која би можело да се финансира неговата програма.

Пренебрегнувајќи ги меѓународните предупредувања, Северна Кореја во февруари 2013 година ја изврши својата трета нуклеарна проба, детонирајќи направа со поголема ударна моќ од употребената претходно при втората нуклеарна проба од 2009 година.

Исто така, тврди дека остварила напредок и во минијатуризирањето на атомската бомба, што е клучен предуслов при изработка на боева глава за балистичките проектили. Во текот на 2014 година, пак, Пјонгјанг изврши лансирање на стотици проектили со краток и среден дострел, што предизвика вознемиреност на американските сојузници во регионот.

Институтот за наука и меѓународна безбедност (ISIS), со седиште во Вашингтон, минатата 2014 година објави дека се чини оти севернокорејскиот нуклеарен реактор е ставен во мирување. Меѓутоа, ISIS на почетокот од септември годинава тврдеше дека сателитското надзирање спроведено изминатава зима открило „знаци“ на активност со слаб интензитет, како што е топењето на снегот на ѕидовите од реакторот и турбините. Институтот споменува и истекување млаз топла вода од реакторот, како и појава којашто наликува на пареа која се подига од зградата во којашто се наоѓа турбината.

Реакторот Јонгбјон беше затворен во 2007 година во рамките на договорот за разоружување во замена за помош во храна., но Северна Кореја започна работи на реновирање по последниот нуклеарен тест во 2013 година.

Северна Кореја, којашто повремено се заканува со нуклеарен напад врз САД и редовно го обвинува Вашингтон дека ги користат воените вежби во соседна Јужна Кореја како провокација за започнување нуклеарна војна и во 2013 година објави дека се повлекува од примирјето со Вашингтон, со кое беа завршени непријателствата во Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 година.

Двете Кореи технички и натаму се во војна, бидејќи нивната тригодишна војна заврши со примирје а не со формален мировен договор./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет7 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет9 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет10 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија14 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија16 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет16 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет19 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа19 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија19 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет20 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет20 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет21 час

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија2 дена

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...