Контакт

Вести

С.Кореја објави успешно лансирање, од светот осуди

Објавено пред

Северна Кореја објави во неделата дека успешно во орбитата поставила сателит со ракета со долг дострел, а од светот пристигнуваат осуди за тоа што оваа активност на Пјонгјан го сметаат за тестирање на балистичка ракета со долг дострел со која изолираната комунистичка земја ги прекршила санкциите и резолуциите на Обединетите наци за што на вонредна седница ќе расправа нивниот Совет за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Северна Кореја ја лансирала ракетата од својот лансирен комплекс Донгчанг-ри во неделата во 9,31 часот по локално време. Водителката на државната севернокорејска телевизија најави дека лансирањето лично го одобрил лидерот Ким Јонг-Ун, што „овозможи успешно во орбитата да го поставиме нашиот сателит за набљудување на Земјата ’Кванменсон-4’“.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун побара од Северна Кореја да го „прекине своето провокативно дејствување. Во соопштението Бан оценува „дека заслужува жалење лансирањето со коешто според него се кршат резолуциите на ОН и го „повторува апелот до Северна Кореја да прекине со провокативните активности и да ги почитува меѓународните обврски“. Генералниот секретар ја истакнува „својата подготвеност да работи со сите страни на смирување на тензиите и на проверливо намалување на нуклеарното вооружување на Корејскиот полуостров“.

Советот за безбедност на ОН ќе одржи вонредна седница поради севернокорејското лансирање на ракета со долг дострел, соопшти во неделата јужнокорејското министерство за надворешни работи. Јужна Кореја, Јапонија и САД побараа итно свикување на седницата на Советот. „Треба да се одржи во Њујорк во недела во 11 часот по локално време“, соопшти Сеул. Петнаесетте членки на Советот за безбедност на ОН од претходно подготвуваат резолуција со којашто ќе ја казнат Северна Кореја поради четвртото нуклеарно тестирање изведено на 6-ти јануари годинава.

Јужнокорејските и американските функционери од одбраната одлучија да започнат официјални преговори за распоредување за распоредување на Корејскиот полуостров на американски систем за противвоздушна одбрана на што остро се спротистави Кина, објави во неделата јужнокорејското министерство за одбрана.

„Одлучено е официјално да бидат отворени преговорите за можноста за распоредување на системот THAAD (Terminal High Altitude Area Defense) во рамките на напорите за јакнење на противракетната одбрана на сојузот Јужна Кореја – САД, изјави Рју Је-Сеунг, висок функционер во јужнокорејското министерство за одбрана.

САД ветија дека ќе ги преземат сите потребни мерки за да се одбранат самите и своите сојузници, и предупредија на сериозни последици за Пјонгјанг. „Севернокорејското лансирање со користење балистичка ракетна технологија… претставува уште едно дестабилизирачко и провокативно дејствување, и е очигледно кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН, изјави американската советничка за национална безбедност, Сузан Рајс во соопштение.

„САД се предадени на сигурноста на своите сојузници во регионот и ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да се одбраниме себеси и своите сојузници, и да одговориме на севернокорејските провокации. Ја повикуваме меѓународната заедница да застане единствено и да ѝ покаже на Северна Кореја дека нејзините непромислени акции мора да имаат сериозни последици“, додава Рајс.

Лансирањето на севернокорејската ракета со долг дострел „претставува провокативен чин кој не се простува“, изјави јужнокорејската претседателка Пак Кин-Хе и го повика Советот за безбедност на ОН брзо да донесе строги санкции за соседната земја. Парк тврди дека владата во Пјонгјанг се обидува да ја зајакне својата способност само за да го одржи својот режим.

Комунистичка Северна Кореја е една од најизолираните земји на светот, а нејзиниот главен партнер е Кина којашто, исто така, „изрази жалење“ поради лансирањето. Пјонгјанг „има право на мирновременско користење на Вселената, но тоа права го ограничуваат соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН“ и Кина „го изразува своето жалење“, изјави Хуа Чунјинг, портпаролка на кинеското министерство за надворешни работи во изјавата на официјалната интернет страница на министерството.

Москва истакна дека Пјонгјанг не ги послушал повиците на меѓународната заедница, уште еднаш демонстрирајќи пркосно непочитување на меѓународното право, но индиректно предупредува дека таквите севернокорејски активности ќе бидат во полза на политиките на САД во регионот.

„Очигледно дека таквите активности ќе доведат до сериозно влошување на ситуацијата на Корејскиот полуостров и во Североисточна Азија во целина, одејќи им на рака на оние кои се фокусираат на политиката на блокови и на зголемување на воените конфронтации, нанесувајќи им сериозни штети на безбедноста на земјите во регионот, во прв ред на самата Северна Кореја“, се вели во соопштението објавено на официјалната страница на руското министерство за надворешни работи.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ги осуди севернокорејското лансирање на ракета со долго дострел и покрај предупредувањата на меѓународната заедница. Тоа лансирање е „апсолутно недозволиво“, изјави Абе за новинарите оценувајќи дека станува збор за „чисто кршење“ на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Како што беше објавено претходно, Јапонија не се обиде да ја урне ракетата на Северна Кореја, иако таа прелетала преку јужниот јапонски остров Окинава. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ8 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија10 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија11 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура12 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија13 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија13 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија15 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија16 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет17 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет17 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет18 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа18 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...