Контакт

Вести

САД бара Орбан да не го поставува прашањето на унгарското малцинство во Украина и го критикува за односот кон Русија

Објавено пред

Унгарија би требало да ги поддржи санкциите кои Европската унија го воведе против Русија и во овој момент да не го спомнува прашањето на автономијата на унгарското малцинство во Украина, изјави во Будимпешта американски дипломат.

dobivaj vesti na viber

Кон средината на мај, премиерот Виктор Орбан изјави дека Унгарија ќе ги брани своите права во Европската унија, а за Унгарците коишто живеат надвор од матичната држава, во централна Европа, вклучително и во Украина, бара автономија.Повеќето Унгарци денес сметаат дека Трианонскиот договор од 1920 година за нив претставува национална трагедија, бидејќи со негов Унгарија останала без две третини од својата територија, а милиони Унгарци останале да живеат во други држави, Романија, Словачка, Унгарија и во Србија.Орбан никогаш не се залагал за повторно присоединување на загубените области на Унгарија, но неговите идеи и активности предизвикаа остри реакции во некои од соседните земји. Како што пред неколлку месеци прашањето на Унгарците во странство е актуелно особено поради ситуацијата на Украина, во којашто живеат 200 илјади Унгарци, кои имаа досега право на унгарско државјанство и самоуправа.„Тоа е нашето јасно очекување од новата Украина, која сега ја добива формата”, рече Орбан додавајќи дека новите прозападни украински власти ја имаат поддршката на Унгарија во напорите изградат демократска Украина.На крајот од февруари унгарската влада ја осуди одлуката на новите украински власти за укинување на законот за регионални јазици, односно за јазиците на припадниците на малцинствата во земјата.Со законот за регионални јазици од 2012 година, во Украина беше дозволена употреба на повеќе од еден јазик во оние области каде етничкото малцинство чини повеќе од 10 проценти од населението.„Унгарската влада не може да ја прифати во никаква форма одлуката за укинувањето на украинскиот закон за јазици”, изјави на 27-ми февруари портпаролот на унгарската влада Андраѓ Гиро-Сас.Околу 150 до 200 илјади Унгарци го сочинуваат најголемото етничко малцинство (околу 13 проценти) во регионот Транскарпатија, кој граничи со Словачка, Унгарија и Романија.Будимпешта, исто така, изрази загриженост поради фактот што активистите на групата Десен сектор, која ѝ припаѓа на екстремната десница, неодамна упаднала на состанок на градскиот совет на месноста Берехове, во која Унгарците се мнозинство од населението. Унгарците од Транскарпатија, исто така, ја обвинуваат десничарската украинска група за оштетување на унгарските споменици во тој регион.Вршителот на должноста американски амбасадор во Унгарија, Андре Гудфренд ја критикуваше во петокот политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан во однос на Русија, кој изрази поддршка за изградбата на гасоводот Јужен тек и склучи со Русија договор за проширување на унгарската нуклеарна централа Пакс, бидејќи тој процес, изјави американскиот дипломат, наводно бил нетранспарентен. Унгарија, инаку, е една од малкуте европски држави која е во позитивно салдо во трговската размена со Русија.Претходно минатиот викенд европските медиуми објавија дека САД вовеле санкции за шест Унгарци, државни службеници или лица поврзани со властите, на кои и е забранет влезот во САД поради наводна корупција. Официјална Будимпешта од Вашингтон побара докази за таквите тврдења, а унгарските медиуми сметаат дека станува збор за американски притисок поради проверки на даночното работење на американски компании во Унгарија. Гудфренд на прес-конференцијата во петокот изјави дека таа забрана не се заснова на унгарската политика, туку на специфичните постапки на тие поединци коишто одби да ги именува. Според него, во Унгарија којашто некогаш со својата мирна транзиција во либерална демократија по 1989 година била пример за другите, сѐ побрзо слабее владеењето на правото, а граѓанскиот сектор е загрозен./крај/мф/сн  

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија26 минути

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија30 минути

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија1 час

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија1 час

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет5 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет5 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет6 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет6 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа6 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет6 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет12 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет12 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет13 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија16 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија17 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет17 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет18 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет19 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...