Вести
САД бараат контрола на рускиот конвој на границата

САД го подржуваат барањето на Киев камионите од рускиот хуманитарен конвој на патот кон границата кон Украина да бидат прегледани на границата, иако Москва претходно објави дека со украинските власти и меѓународните организации ги договориле сите детали, па дури и ја прифатила рутата на киевските власти, којашто значително и во километража и временски го продолжува времетраењето на хуманитарната операција, поради што и украинските власти се откажаа од барањето за претоварување на товарот од сите 287 руски на украински камиони.
САД и нивните европски сојузници изразија загриженост поради хуманитарниот конвој кој тргна кон Украина, откако доби и формално одобрување од властите во Киев. Москва тврди дека во камионите се наоѓа исклучиво продукти кои се наменети за цивилното население во со воените дејствија зафатени области во источна Украина, и дека според договорот во секое возило ќе има претставник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на Украина.По консултациите со Киев, САД изразија подготвеноста да го одобрат пуштањето на конвојот под услов да биде прегледан на границата и дистрибуцијата на помошта да му биде доверена на Црвениот крст.„Русија нема право да влезе во Украина без дозвола на Киев, било да е под изговор на хуманитарен конвој или некој друг“, изјави помошничката на портпаролот на Стејт департментот, Мари Харф. Според неа, украинските власти „имаат план во кој веруваат, И ние го поддржуваме. А сега е потегот кај русите“, додаде Харв, но останува нејасно дали го има предвид прецизираниот договор што го постигнаа Киев и Москва за реализација на оваа хуманитарна операција.Рускиот конвој со 287 возила и 1.800 тони храна, лекови и генератори, на границата со Украина треба да пристигне во среда. Москва се согласи да ја продолжи рутата на конвојот и тој да минува низ поголемиот дел по територија која ја контролираат украинските војски. /крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.