Вести
САД и Иран воделе ‘конструктивни разговори’

Американските и иранските функционери воделе „конструктивни разговори“ за иранската нуклеарна програма во четвртокот во Женева, соопшти американскиот Стејт департмент без да навлегува во детали од разговорите.
„Беше тоа, би кажала, конструктивна дебата“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф на редовниoт брифинг со новинарите во Вашингтон.Претставниците на Иран би можеле да се сретнат со претставниците на другите шест светски сили, ткн „група пет плус еден“ (петте постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија), на маргините на Генералното собрание на ОН во септември, изјавиле за Reuters неименувани американски дипломатски извори.Средбата на американските и иранските претставници во четвртокот во Женева е првата откако Иран со „шестката“ ги започна финалните преговори чија цел е да се постигне траен договор за неговата контроверзна нуклеарна програма и да се стави крај на спорот кој трае меѓу Техеран и Западот повеќе од десет години. На последната средба од 19-ти јули страните постигнаа договор да се продолжи рокот за постигнување сеопфатен договор според кој Иран би ги запрел нуклеарните активности, во прв ред намалувањето на капацитетите за збогатување на ураниум до 20 отсто, што се смета чистота којашто овозможува брзо да се дојде до атомско оружје, во замена за ублажување и укинување на западните санкции. Рокот беше продолжен од 20-ти јули на 24-ти ноември.Иранската новинска агенција Irna објави, исто така, во четвртокот, дека преговорите со САД започнале, а дека иранската делегација ја предводи заменикот министер за надворешни работи Ааза Аракчи.„Преговорите меѓу Иран и Америка во Женева ќе помогнат да се надвладеат разликите околу преостанатите прашања“, изјавил член на иранската преговарачка делегација кој сакал да остане анонимен./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.