Контакт

Вести

САД и Јапонија бараат итен прекин на кинеското градење во Јужното Кинеско Море

Објавено пред

САД ја повикаа во саботата Кина на „моментален и траен“ прекин на градењето на островите во Јужното Кинеско Море, оценувајќи дека тоа не е во согласност со меѓународните правила. 

dobivaj vesti na viber

Кина со свеченост во вторникот го одбележа почетокот на изградбата на двата светилника на вештачките гребени на островите во водите на Јужното Кинеско Море, што е потег за кој се претпоставуваше дека сигурно ќе ги зголеми и онака веќе нараснатите тензии поради кинеските поморски амбиции.

„Сакаме мирно решение на сите спорења. За таа цел треба моментално и трајно да се сопрат сите работи на сите оние кои полагаат право. Ќе се спротиставиме, исто така, на секаква дополнителна милитаризација на таа зона“, изјави американскиот министер за одбрана Ештон Картер на безбедносната конференција во Сингапур, пренесува Reuters. Истакна и дека американските војници ќе продолжат да влегуваат во областа којашто ја нарече „меѓународни води“ во Јужното Кинеско Море.

Островите Спретли, архипелаг од стотина ненаселени острови а на два гребена кои на англиски се нарекуваат Киаторин Риф и Џонсон Саут Риф, Кина започна со изградба на мултифункционални светилници е предмет на спор на повеќе земји кои тврдат дека полагаат право на нив, меѓу кои покрај Кина се и регионалните американски сојузници Филипини, Малезија, Виерна, Тајван Тензиите зајакнаа откако Пекинг во водите на Јужното Кинеско Море започна изградба на вештачки острови и пристанишна инфраструктура, како и писти, што се смета дека е потврда за потенцијалното богатство со енергенси на овие води.

Гена Накатани, министерот за одбран на Јапонија, која како и САД тврди дека нема територијални претензии во Јужното Кинеско Море но со Кина се спори суверенитетот на за друг ненаселен архипелаг Дијајоу кој Токио го купи од едно семејство, исто така оцени во саботата дека проектот на градење во таа област ризикува да предизвика конфронтации во регионот, повикувајќи ги сите нации, вклучително и Кина, на одговорно однесување.

„Доколку ја оставиме секоја бесправна ситуација без одговор, редот брзо ќе се промени во неред и ќе дојде до уривање на мирот и стабилноста“, го цитира AFP јапонскиот министер за одбрана искажани во Сингапур. Накатани предложи мерки за унапредување на безбедноста во регионот на море и во воздух, кои вклучуваат непрекинат надзор на воздушниот простор коj би го предводеле члeнките на Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија (ASEAN),

Кина полага право на околу 90 отсто од Јужното Кинеско Море, преку кое годишно минуваат стоки во вредноста од десетици милијарди долари. Интересите на Пекинг, им пречат на Филипини, Виетнам, Тајван и Бруние, а исто така, реакции поради ваквите кинески амбиции често доаѓаат од Јапонија и САД кои во последната седмица ја заострија реториката.

САД минатата седмица влегоа во вербален судир со Кина поради споменатото градење. Пентагон верува дека целата на овие активности е зацврстувањето на кинеските права на најголемиот дел од морето, за коешто се верува дека е богато со наоѓалишта на нафта и природен гас, како и минерали и риба. Вашингтон е особено загрижен дека Пекинг во еден момент ќе прогласи заштитена зона, со што ќе го ограничи слободниот поморски и авионски сообраќај во оваа област.

САД минатиот петок најавија дека ќе продолжат со воздушните и поморски патроли во меѓународните води и во воздушниот простор над Јужното Кинеско Море, откако кинеската морнарица повеќепати предупредила американски воен авион наменет за следење комуникации да го напушти тој простор над вештачките острови кои Кина ги гради во тие води.

Истовремено официјален Пекинг во петокот изрази „големо незадоволство“ од фактот што американскиот воен авион го надлетувал делот од Јужното Кинеско Море и го повика Вашингтон да престане со тоа или може да се случи несреќа. Кина смета спорот треба да се реши со директни разговори на заинтересираните страни, и ги обвинува САД дека без да бидат повикани се вмешуваат во спорот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ9 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија11 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија12 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура13 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија14 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија14 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија16 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија17 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет18 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет18 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет19 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија19 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа19 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...