Вести
САД испраќаат 400 војници за помош на сириските бунтовници

Американската армија планира да распореди повеќе од 400 војници за помош во обучување на сириските сунитски „либерални“ бунтовници под изговор за борба против џихадистите од Исламската држава, покрај стотиците лица од друг персонал.
Според изјавата за Reuters на портпаролот на американското министерство за одбрана, Стив Ворен, Пентагон сé уште не донел одлука од каде ќе повлече своите сили за мисијата за наводна обука на сириската вооружена опозиција којашто треба да започне пролетта на локации надвор од Сирија.
Сунитските муслимански земји Турција, Катар и Саудиска Арабија, кои заедно со Западот ги поддржуваат и вооружуваат сунитските опозициски бунтовници кои ги означуваат како „либерални“ во четиригодишната борба за соборување од власта на алавитот (шиит) сириски претседател Башар ал-Асад кој споменатите земји од март 2011 година ги обвинува дека го поттикнале бунтот во неговата земај преку своите тајни служби и дека заедно со западните војски ги обучуваат бунтовниците, се понудија на нивите територии да се одржува обуката.
Портпаролот Ворен не сакал за агенцијата да изнесе други детали.
Програмата за оваа обука е во рамките на повеќегодишните планови на американскиот претседател Барак Обама да ги стави под една команда локалните расцепкани бунтовнички групи коишто против владата на Асад, кој е децениски регионален сојузник на Иран и на Русија, се бореа заедно со радикалните сунитски џихадистички групи како Исламската држава и Фронтот ан-Нусра.
Сега, според Вашингтон, цел на неговата програма за обука на сириските бунтовници токму за борба против Исламската држава. Според процените на Пентагон, може да бидат обучени повеќе од 5.000 регрути во првата година, како и дека 15.000 борци ќе бидат неопходни за да се освојат областите во источна Сирија кои се под контрола на џихадистите кои таму прогласија исламски калифат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.