Контакт

Вести

САД испратија бомбардери B-52 во Катар за борба против IS

Објавено пред

САД испрателе во Катар бомбардери од типот „B-52“ за борба против џихадистичката организација Исламска држава (IS), пишува весникот Air Force Times повикувајќи се на централната команда на американската армија.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Ова е првпат бомбардерите коишто потекнуваат од периодот на Студената војна, да се користат во борбите против исламистичките екстремисти на Блискиот исток, од крајот на Заливската војна во 1991 година.

Одлуката за распоредување на овие моќни бомбардери е донесена откако Вашингтон реши да ги засили своите воздушни операции против Исламската држава во Ирак и во Сирија.

Генералот полковникот Чарлс Браун, командант на американските воздухопловни сили на Централната команда, за весникот изјавил дека бомбардерите од типот „В-52“ се опремени со наведувани проектили кои ќе придонесат во борбата на коалициските сили против џихадистите од Исламската држава. Според него, овие летала ќе може да извршуваат широк спектар мисии, вклучувајќи стратешки напади, блиска воздушна поддршка и поморски операции.

Потполковникот Крис Карнс, портпарол на Централната команда, изјавил дека не може да го соопшти точниот број на бомбардерите кои ќе бидат распоредени во базата Ал Удејд од „оперативни безбедносни причини“. Додал дека со овој тип авиони САД ќе може да извршат напад со една до две бомби, наместо масивното неселективно бомбардирање.

„Прецизноста е критично важна во оваа војна. Таканареченото тепих бомбардирање не е ефикасно, бидејќи Исламската држава не се групира во големи групи. Најчесто се стационираат во населени места. Ние секогаш водиме сметка да ги минимизираме цивилните жртви“, рекол Карнс./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари: Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа...

Македонија2 часа

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент...

Македонија4 часа

Се „чешла“ документацијата и се проверуваат сите објекти од јавен карактер низ државата

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа со вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем...

Македонија7 часа

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен...

Македонија7 часа

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16...

Македонија8 часа

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна...

Регион9 часа

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од...

Македонија9 часа

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по...

Македонија11 часа

Бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани се намалува, но им претстои долга борба на опоравување

Неколку дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во...

Македонија22 часа

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три...

Македонија23 часа

За трагедијата во „Пулс“ тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Определена е мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше...

Македонија1 ден

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...

Македонија1 ден

Таравари: Шест пациенти од пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден...

Македонија1 ден

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. Во моментот, во...

Македонија1 ден

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата...

Македонија1 ден

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена...

Топ1 ден

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не...

Македонија1 ден

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Сите...

Свет1 ден

(Видео) Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на...

Свет1 ден

(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од...