Контакт

Вести

САД: Изедначеност меѓу Клинтон и Трамп во анкетите на 9 дена пред изборите

Објавено пред

Испитувањето на јавното мнение во врска со американските претседателски избори на 8-ми ноември што заеднички го спровеле весникот The Washington Post и телевизиската мрежа ABC News, покажува дека на девет дена до гласањето се истопила големата предност на кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон и сега има само 1 отсто водство пред Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија.

dobivaj vesti na viber

„Истражувањето покажа многу тесна борба: за Клинтон – 45 отсто, за Трамп – 45 отсто“, се наведува во соопштението на медиумите.

Притоа во извештајот на The Washington Post се истакнува дека мнозинството гласачи, веќе претходно го направиле својот избор за претседателски кандидат, и оти врз нив не влијаела информацијата дека Федералното биро за истраги (FBI) повторно ќе ја отвори истрагата во врска со користењето на приватната електронска пошта за службена коресподенција од страна на Хилари Клинтон во периодот додека беше државна секретарка од 2009 до 2013 година.

„Само тројца од десет испитаници кажаа дека поради тоа (истрагата – з.р.) тие, најверојатно, нема да ја поддржат“, се наведува во соопштението на весникот.

Анкетата била спроведена врз 1.160 испитаници, со маргина на статистичка грешка од плус/минус 3 отсто.

Доналд Трамп претходно повеќепати ги обвинуваше весникот The Washington Post и телевизиската мрежа ABC News, дека ја поддржуваат Хилари Клинтон.

Друга анкета направена на примерок од 3.000 испитаници, што во неделата ја спровел весникот The Los Angeles Times, покажува, пак, минимална предност на републиканскиот кандидат за Белата куќа. Според ова истражување, Трамп има поддршка од 46 отсто, а Клинтон од 44,1 отсто од избирачите.

Телевизиската мрежа Fox News коментираше во неделата по повод последните анкети, дека обновената истрага на FBI ќе има негативно влијание врз финишот на претседателската кампања на Клинтон.

Американските избори се спроведуваат на две нивоа. Во првата фаза гласаат избирачите во секоја сојузна држава поединечно. Кандидатот, кој ќе победи во една држава, ги собира сите таканаречени електорски (изборни) гласови од државата, чиј број одговара на бројот на изборните единици за избор на претставниците во Конгресот. Во втората фаза се утврдува кандидатурата на претендентот кој ги постигнал потребните 270 од 538 гласови./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа2 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагираше Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион2 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет2 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа3 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени се офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија3 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет4 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион4 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион4 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ13 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ14 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ14 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ15 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија17 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија19 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија20 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет21 час

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија21 час

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија22 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија23 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...