Контакт

Вести

САД: Израел не го заштити цивилното население

Објавено пред

Вашингтон ги обвини властите во Израел дека не направиле сè што е потребно во судирите со Хамас да спречат цивилни жртви.

dobivaj vesti na viber

Стејт департментот навел дека големиот број цивилни жртви за време на израелската офанзива во појасот Газа предизвикал „голема жалост“, но истовремено ги критикувал и борците на Хамас кои и понатаму не престануваат да лансираат ракети врз Израел.

 

Портпаролот на Стејт департментот, Џен Псаки, рекла дека убивањето на четирите деца на плажа во Газа при воздушен напад на израелската војска е „ужасно“.

 

„Тој трагичен настан јасно покажува дека Израел мора да ги преземе сите неопходни мерки за да ги исполни своите стандарди во заштита на цивилното население и да го спречи нивното страдање. Ние и понатаму ќе продолжиме да му укажуваме на Израел за овој проблем“, истакнала Псаки и додала дека во заштита на цивилите може да се направи многу повеќе.

                                                                                                                                

За време на десетдневното бомбардирање во појасот Газа загинале околу 300 Палестинци.

 

Израелската војска во четвртокот отпочна и копнена офанзива во оваа област.

 

Копнената офанзива следува по десетдневните интензивни борби на израелските сили и радикалното палестинско движење Хамас, во кои Израел погодил повеќе од две илјади мети во појасот Газа, а Хамас лансирал скоро 1.500 проектили врз територијата на Израел.

 

Војската на Израел отпочна копнена воена операција откако Хамас претходно одби прекин на огнот кој беше на иницијатива на Египет и бидејќи припадниците на Хамас преку тунел во четвртокот од територијата на Газа се обиделе да се инфилтрираат на територијата на Израел./крај/мф/ап

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа...

Македонија4 часа

(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија

Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука. Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“...

Македонија4 часа

(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието

Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно...

Македонија4 часа

(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот

Протестот на Партизанска започна со три минутен молк. Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е...

Македонија5 часа

(Видео) Почна протестот „Правда за Фросина“, во првиот ред родителите и сестрата

Почна протестот на Партизанска на кој се бара правда за смртта на младата Фросина. Присутни се голем број граѓани со...

Македонија5 часа

(Фото) Граѓани веќе се собираат на Партизанска за протестот закажан во 17 часот

На булеварот Партизански одреди во Скопје веќе се собираат луѓе за протестот кој е најавен за во 17 часот. Дел...

Топ9 часа

Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци

Во Кавадарци е одржан протест поради смртта на Фросина. Нејзината сестра, Росица Кулакова, порача дека ќе бара одговорност и од...

Топ10 часа

Битолчанец со автомобил удрил пешак, со тешки телесни повреди е префрлен во болница

Mинистерството за внатрешни работи информира дека вчера 64-годишен битолчанец со автомобил удрил пешак, свој сограѓанин, при што тој се здобил...

Македонија11 часа

Апасиев предлага законски измени: ограничен мандат и враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи најави законски измени коишто ќе бидат предложени во следниот период од пратеничката...

Македонија11 часа

Вонредна инспекција на АХВ: уништени 110 килограми небезбедна храна во болнички кујни

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, во кујни...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Смртта на Фросина можеше да...

Македонија12 часа

Таткото на Фросина му се заблагодари на Пандов: Ја враќаш вербата дека државата конечно функционира

Семејството на Фросина Кулакова се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на Управата за извршување санкции,...

Македонија13 часа

Денеска протести за смртта на Фросина: во 12 часот во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Денеска ќе се одржат два протеста за смртта на младата Фросина. Првиот протест ќе се организира на плоштадот во Кавадарци,...

Македонија1 ден

(Фото) Утре масовни протести за смртта на Фросина, точно на пладне во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Утре точно на пладне се организира протестен собир во Кавадарци за да се оддаде почит нa Фросина Кулакова од Неготино,...

Македонија1 ден

Јанев: Мапирани се црните точки низ државата, нѝ требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека се направени детални анализи на сообраќајната ситуација во државата, при...

Македонија1 ден

(Видео) Цветановски: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

После 40 години е доведено во прашање функционирањето на единствениот оддел за бронхоскопија во државата, многу важна за здравјето на...

Економија1 ден

Преполовен прометот на маркетите поради вчерашниот бојкот, УЈП ги објави податоците

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумте најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: Инспекторите влегоа во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа

Ден по бојкотот на маркети поради високите цени, премиерот Мицкоски изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети,...

Топ1 ден

Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и...

Свет1 ден

(Видео) Русија со балистички проектили го погоди центарот на Одеса, има повредени

Руските сили синоќа извршија балистички ракетен напад врз центарот на Одеса, ранети се најмалку три лица, изјави Олех Кипер, шеф...