Контакт

Вести

САД ја обвинија Русија за информатички напади врз американскиот изборен систем

Објавено пред

Вашингтон во петокот ја обвини Москва за наводни информатички напади врз политичките организации и изборниот систем во САД, кои биле извршени претходно годинава, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Целта на тавите кражби е мешање во американскиот изборен процес … додека во САД трае претседателската кампања“, наведуваат од Одделот на внатрешна безбедност (DHS) и управата на американската разузнавачка заедница (ODNI) во заедничко соопштение.

„Врз основа на обемот и чувствителноста на тие активности мислиме дека само руските највисоки функционери можеле да ги дозволат тие активности“, се додава во соопштението.

Американски стручњаци и политички функционери, вклучително и претседателот Барак Обама и демократската кандидатка за негов наследник Хилари Клинтон веќе ја обвинуваа Москва дека стои зад кибернетичките упади во серверите на Демократската партија, со цел да му помогнат на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Но досега американската администрација официјално не ја обвини Русија.

„Разузнавачката заедница на САД е уверена дека руската влада ги водела неодамнешните хакирања на електронските комуникации на поединци и институции, вклучително и политички организации во САД. Неодамнешното објавување на наводно украдени преписки на сајтови како DCLeaks.com, WikiLeaks и онлајн поединецот Guccifer 2.0, се совпаѓаат со методите и мотивациските дејствија насочени од Русија. Тие кражби и откривање на информации се со цел да се вмеша во изборниот процес во САД“, се наведува во соопштението.

Бидејќи станува збор за напади на изборните системи на разни американски сојузни држави, САД не можат да докажат дека тие се насочени од страна на руската влада, но се нагласува дека повеќето се извршени од руски сервери. Во соопштението американската администрација наведува дека тоа не бил прв таков обид за „руско мешање во американските избори“.

Повеќето американски функционери и стручњаци велат дека целта на Москва не е да влијае или да ги промени резултатите од изборите, туку да предизвикаат „збрка меѓу населението и да ја поткопаат довербата во демократските институции“.

Голем скандал предизвика и објавувањето на споменатата преписка за партиските предизбори за претседателски кандидат кој во јули ги објави WikiLeaks на кој во објавата алудира хакерот, односно на претходно објавените материјали од DNC во кои се покажа дека на предизборите за претседателски кандидат на Демократската партија била фаворизирана Хилари Клинтон на штета на нејзиниот ривал сенаторот Берни Сандерс, со совети да се објавуваат компромитирачки конструкции за вториот.

Поради овој скандал оставка поднесе претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц, а од своите позиции заминаа и нејзината наследничка како претседателката на Националниот комитет на Демократската партија, Ејми Дејзи, финансискиот директор на комитетот Бред Маршал и шефот на одделот за односи со јавноста, Луси Миранда.

Дополнителни податоци од Националниот демократски комитет објави хакерот под псевдонимот Guccifer 2.0, кој објави документи со стратегија на Демократската партија во неколку сојузни држави. Беше објавено и дека се хакирани и сајтовите за регистрацијана избирачите во три држави. Сајтот DCLeaks.com беше споменувани со кражбата на податоците од пасошот на првата дама Мишел Обама.

На 10-ти август разобличувачкиот портал WikiLеаks повикувајќи се на своите „свиркачи“ објави дека новата стратегија којашто ќе ја примени кампањата Хилари Клинтон, ќе биде насочена на обвинувања кон Русија доколку се појават нови доверливи документи во врска со нејзината корумпираност. „Кампањата на Клинтон разработила нова ПР-стратегија. Сите следни откритија за корупција поврзана со неа, ќе бидат претставени како активности на Русија“, беше наведено на акаунтот на WikiLeaks на сервисот на микроблогирање Twitter./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри

Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива...

Македонија7 минути

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија10 минути

„Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби“, велат од СДСМ

„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè...

Македонија39 минути

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија41 минута

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од Голем број граѓани и компании останаа без своите заштеди и деловни средства, додека постапката што ја водат...

Свет1 час

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 час

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа2 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа2 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа3 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија13 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија20 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија21 час

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија22 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија22 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион24 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет1 ден

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија1 ден

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...