Вести
САД ја потврдија егзекуцијата на Сотлоф, светските лидери испратија осуди

САД ја потврдија автентичноста на видео снимката на која беше прикажана егзекуцијата на 31-годишниот Стивен Сотлоф, кој е втор американски новинар во заложништво на милитантите од Исламската држава во Ирак.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека станува збор за ужасен акт на насилство и ја предупреди Исламаската држава дека „раката на Вашингтон е долга“ и оти „правдата ќе ги стигне“. Од кабинетот на американскиот претседател соопштија и дека САД вложиле значителни напори за ослободување на Сотлоф.
Во меѓувреме остри осуди и згрозеност од убиството на американскиот новинар Стивен Сотлоф изразија и светските лидери.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази „згрозеност“ од погубувањето на вториот американски новинар.
„Сите сме згрозени од информацијата која стигна од Ирак каде се случуваат невидени убиства врз цивили кои ги извршува Исламската држава, вклучувајќи го и отсекување на главата на вториот американски новинар кој беше во заробеништво на пропадниците на IS од 2013 година“, изјави Бан за време на посетата на Нов Зеланд.
Џихадистите на IS во вторникот ја презедоа одговорноста за отсекување на главата на Стивен Сотлоф во видео снимка која предизвика најости осуди од Западот.
„Одлучно ги осудувам сите злосторства од ваква природа кои се вредни за презир и одбивам да прифатам дека на цели заедници му се закануваат страшни злосторства поради тоа што се или поради тоа во што веруваат“, додаде Бан Ки-мун.
Состојбата во Ирак е „ужасна“, додаде генералниот секретар на ОН, повикувајќи ги сите челници на верските заедници да се залагаат за „толеранција, сестрано почитување и против секакво насилство“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во вторникот испрати осуда за страшната егзекуција на американскиот државјанин.
„Овој варварски чин ја открива нечесната природа на IS која ја презеде одговорноста за ова злосторство“, истакна британскиот премиер Дејвид Камерон и додаде дека со своите соработници веднаш „ќе седне да ги разгледа последните случувања“.
Додаде и дека сочувствува со родителите и пријателите на убиениот новинар кои се соочија со овој „грозен и трагичен“ момент за нив.
Сотлоф беше киднапиран во Сирија во 2013 година. Тој се појави на крајот на видеото минатиот месец на кое беше покажано убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли.
Милитантите во последната видео снимка се закануваат дека ќе убијат и еден британски заложник./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.