Контакт

Вести

САД ја повикуваат Кина да престане да гради на архипелагот

Објавено пред

САД најавија дека ќе продолжат со воздушните и поморски патроли во меѓународните води и во воздушниот простор над Јужното Кинеско Море, откако кинеската морнарица повеќепати предупредила американски воен авион да го напушти тој простор над вештачките острови кои Кина ги гради во тие води.

dobivaj vesti na viber

Кинеската воена морнарица досега издала осум предупредувања до екипажот на американскиот воена авион „ P8-A Poseidon“, кој се смета за најнапреден американски поморски патролен авион, кога ја надлетувал споменатата област во средата, пренесува CNN чиј новинар бил во авионот. Кога американските пилоти возвратиле дека летаат во меѓународен воздушен простор, кинескиот радио оператор им рекол „Тука е кинеската морнарица… заминувајте… за да се избегне недоразбирање“.

Авионот летал на височина од 4.500 метри, според CNN. Видеото што го објави Пентагон е снимено директно над еден вештачки остров. Снимките покажуваат интензивни градежни активности на новите острови, како и бродови на кинеската морнарица во близината. Телевизијата CNN истакнува дека ова е првпат американското министерство за одбрана да ја симнува ознаката за доверливост од видеото за кинеските градежни активности на островите и од звучните записи на разговорите од кинеската страна со екипажот на американскиот воен авион.

Овој случај, како и неодамнешните кинески предупредувања за воен авион на Филипини да ја напушти областа во близина на спорниот архипелаг Спретли во Јужното Кинеско Море, покажуваат дека Пекинг се обидува воено да го затвори просторот над своите нови острови, коментира Reuters.

Некои безбедносни аналитичари изразија деновиве загриженоста поради опасноста од избувнување суди, особено откако неименуван американски функционер минатата седмица за медиумите изјави дека Пентагон разгледува испраќање воени авиони и бродови, за да се осигури слободата на поморската пловидба околу гребените кај островите коишто ги подигна Кина.

Виш функционер во американскиот Стејт департмент им изјави на новинарите во четвртокот во Вашингтон дека американските извидувачки летови „целосно се легални“ и дека американските поморски сили и военото воздухопловство ќе продолжат „во целосна мера да го остваруваат правото на дејствување во меѓународните води и воздушен простор“.

Помошникот на државниот секретар за источна Азија, Даниел Расел, изјави дека САД ќе отидат и подалеку, за да се заштити можноста на сите земји да се движат низ меѓународните води и воздушен простор.

„Никој кој е при здрав разум нема да се обиде да ја запре американската морнарица од дејствување – тоа не би било паметна одлука. Веруваме дека секоја земја и сите цивилни фактори мора да имаат непречен пристап до меѓународните води и меѓународниот воздушен простор. Постојано повторува дека ниту целиот песок на овој свет нема да биде темел за суверенитет… песокот не е решение, дипломатијата е“, порача Расел.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи изјавил за Reuters дека не е запознаен со инцидентот со американскиот воен авиони. „Кина има право на надзор над тој воздушен простор и на тие води за да го заштити суверенитетот на земјата и да се спречат несреќи на море. Се надеваме дека таа земја искрено ќе го почитува кинескиот суверенитет во Јужното Кинеско Море“, изјавил портпаролот Хонг Леи.

Кинеската армија верува дека кинескиот радио оператор кој барал американскиот воен авион да ја напушти таа област, бил на архипелагот кој го чинат седум мали ненаселени острови околу кои се спорат повеќе држави. Според американски воени извори, кинеските воени постројки, вклучително и писта долга 3.000 метри на гребенот Фјери Крос би можеле да бидат ставени во функција до крајот на годинава.

Кина тврди дека има суверенитет над најголемиот дел од Јужното Киенско Море преки коешто се одвива трговија во износ од десетици милијарди долари. На истото море, тврдат дека имаат суверенитет и Филипини, Виетнам, Малезија, Тајван и Брунеи./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија6 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија7 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија8 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија8 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија10 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија10 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа12 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ12 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет13 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа14 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет14 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија14 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет23 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија1 ден

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет2 дена

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...