Вести
САД: Нови протести во Фергусон, петнаесетина уапсени

Полицијата уапсила петнаесетина лица во петокот во гратчето Фергусон, предградие на Сент Луис во сојузната држава Мисури, во текот на новите протести организирани откако во понеделникот големата порота донесе одлука да не подигнува обвинение против белиот полицаец кој во август го уби црниoт тинејџер, соопшти во саботата локалната полиција на Twitter.
Полицијата во Фергусон пристапила кон приведуваwа, откако демонстрантите не сакале да се разотидат, како што таа барала од нив, се наведува во истото соопштение во кое се истакнува дека протестите „главно минале мирно“.
Протестите во Фергусон и другите градови ширум САД кои прераснуваа во безредија, судири со полицијата, грабежи и потпалуваwа, избувнаа откако големата порота на сојузната држава Мисури одлучи да не подигнува обвинение против белиот 28-годишен полицаец Дарен Вилсон поради убиството на 18-годишниот афроамериканец Мајкл Браун, уважувајќи го неговиот исказ дека го застрелал во полициското возило по борба за службениот пиштол. Според очевидци, пак, Браун во моментот на убиството не бил вооружен, стоел надвор од возилото и со кренати раце во воздух во знак на предавање, што го предизвика гневот кај афроамериканската заедница во САД, како и кај групите за заштита на човековите права.
„Прекинете го купувањето и придружете им се на протестите“, повикувале демонстрантите, меѓу кои имало и деца, кои во петокот еден час престојувале во стоковна куќа на традиционалното масовно купување на големи попусти „црн петок“ со кој симболично започнува сезоната на празнични купувања, ден по празникот Денот на благодарноста.
Стотина демонстранти лежеле на земјата како да се убиени, точнo четири ипол минути, симболички потсетувајќи дека убиениот Мајкл Браун лежел повеќе од четири часа на улица по истрелите.
Трговските центри во Фергусон и Сент Луис беа затворени поради стравувањата од повторување на безредијата и грабежите.
Во Њујорк се уапсени неколку лица коишто протестирале во стоковната куќа „Macy’s“, во центарот на Менхетн, едена од најпосетените на „црнито петок“. Во Окланд, сојузната држава Калифорнија, демонстрантите речиси два часа ја блокирале станицата на меѓуградската железница која сообраќа до Сан Франциско. /крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.