Контакт

Вести

САД објавија снимки за гаѓање на Украина од Русија, Москва тврди дека не се докази

Објавено пред

 САД во неделата навечер објавија снимки за кои тврдат дека докажуваат оти од руска територија со артилерија се гаѓаат позиции на украинската армија, додека Русија одговори дека не станува збор за никакви докази и побара да се овозможи меѓународна истрага за украинските гранатирања на руските погранични премини и села.

Американскиот Стејт департмент по електронска пошта ги испратил споменатите снимки со коментар на DNI, бирото на директорот на американската разузнавачка служба, кои служат како „доказ дека Русија ја гаѓа Украина“, за да ги поддржи проруските бунтовници во источниот дел на соседната земја. Четирите снимки прикажуваат делови од руско-украинската граница. Според објаснувањето на DNI, две покажуваат група повеќецевни ракетни фрлачи и група самоодни хаубици за кои американската влада тврди дека се руски системи на руска територија. На сателитските снимки, исто така според појаснувањето, се гледа и кратер во близина на воени позиции на украинската страна од границата. На третата е тешко вооружување наводно од Русија за кое Вашингтон вели дека проруските бунтовници го довлекуваат од внатрешноста на Украина. САД претходно во четвртокот објавија дека поседуваат докази дека Русија ги гаѓала украинските сили од својата територија. „Москва, покрај тоа, планира на бунтовниците да им испрати потешки и посилни ракетни фрлачи“, изјави заменичката на портпаролот на Стејт департментот, Мари Харф, повикувајќи се на американски разузнавачки извори. Според неа, американските информации говорат дека и по уривањето на малезискиот патнички авион на 17-ти јули, „оружјето и натаму ја минува границата кон Украина“. Непосредно пред соопштението на американскиот Стејт департмент, во неделата министерството за одбрана на Русија издаде соопштение дека во последните четири месеци на границата меѓу Русија и Украина, на руската страна се извршени 18 воени инспекции и набљудувања од воздух при што „не регистрирано прекршување или непријавена воена активност“. Руската дипломатија, исто така, во неколку наврати изјавуваше дека Русија не е страна во внатрешниот конфликт во Украина, а обвинувањата за гранатирањата на украинската територија од руската за „неосновани инсинуации“. Веднаш во неделата се огласи со реакција и руската Државна дума, којашто снимките што ги обелодени Стејт департментот ги карактеризираше како „уште еден од постојаните нејасни извештаи за наводно гаѓање на Украина од руска територија“.Според заменикот претседател на руската парламентарна комисија за одбрана, Франц Клинцевич, САД пласираат „очигледни лаги“. Според парламентарецот, снимките од американските сателити се недоволни за обвинување на Русија за гаѓање на Украина, бидејќи за такво утврдување потребни се податоци и од други системи. „Денешната изјава на Американците едноставно е без докази“, заклучува Клинцевич и додава дека тој не поседува „информации за гранатирање од руска територија“. Според него, имајќи ја предвид густата населеност на пограничната област од украинската страна потребни би биле „хируршки прецизни удари“.Тој потсетува дека во последно време зачестиле гранатирањата врз руските погранични области од територијата на Украина во воените дејствија коишто ги спроведуваат украинските сили во источниот дел од земјата. „Поради тоа што деновиве ја гаѓаат нашата територија, јас генерално сум поборник на идејата да се испрати едно екстремно предупредување. Како што велат повеќе мои колеги, да се нанесат прецизни удари за да бидат уништени само системите за ракетен артилериски оган, за да биде испратена порака дека оној кој гаѓа може да настрада“, вели Клинцевич.Претходно седмицава шефот на руската дипломатија Сергеј Лаворв изјави дека при продолжување на нападите врз руската територија, во кои на почетокот од јули загина еден маж а две жени беа ранети, Русија може да одговори со гаѓање на позициите од кои е отворен огнот, како што тоа го прават Турција и Израел кога на нивните територии паѓаат проектили истрелани во сирискиот конфликт а тие ги гаѓаат најблиските позиции на сириската армија. Но притоа Лавров истакна дека инцидентите со гранатирањето на руската територија од Украина, Москва сѐ уште ги смета за резултат на непрофесионалноста во редовите на украинските сили или на случајност./крај/мф/сн

Извор: AFP/РИА Новости

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет36 минути

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет2 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет2 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет2 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион13 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет13 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет14 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ18 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија19 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа20 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија20 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ21 час

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет22 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија22 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет23 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија23 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија23 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион1 ден

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа1 ден

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Досие