Контакт

Вести

САД продолжуваат со депортацијата на деца во Средна Америка

Објавено пред

Повеќе од четириесет деца од Средна Америка со авион во петокот се депортирани во Хондурас, Гватемала и Салвадор, во рамките на продолжената акција на американската владата на депортирање на децата кои илегално влегле на територијата на САД.
 

Повеќе од четириесет деца од Средна Америка со авион во петокот се депортирани во Хондурас, Гватемала и Салвадор, во рамките на продолжената акција на американската владата на депортирање на децата кои илегално влегле на територијата на САД.

 

Повеќе од 50 илјади деца од земјите на Средна Америка влегле во САД од октомври 2013 година, со што предизвикале целосен хаос во имиграцискиот систем, тврди владата во Вашингтон.

Триесет итројца малолетници без грижа до возрасни, на возраст од шест месеци до 15 години, се вратени во Хондурас. Пет девојчиња, од седум до 16 години, и две момченца од две до 14 години, како и пет мајки се вратени во Гватемала, додека во Сан Салвадор се вратени три момчиња, едно девојче и двете мајки.

Американската администрација бара Когресот да издвои дополнителни пари за персоналот и установите за да се реши проблемот на сé поголемиот број деца имигранти, кои бегаат пред насилствата и сиромаштијата кои владеат во Средна Америка.

Претседателот на САД, Барак Обама, бара јакнење на граничната безбедност и поостри казни за трговците со луѓе, кои ги криумчарат емигрантите од Салвадо, Гватемала и Хондурас, како и измена на законот за да се забрза процесот на депортацијата.

Обама, поради топа, се најде на удар на латиноамериканските организации за човекови права, поради депортацијата на илегалните имигранти.

„Некои од овие деца и мајки навистина имаат право на статусот бегалци и азиланти. Забрзаниот процес на депортација само ќе доведе до тоа голем број од тие деца да бидат испратени назад во многу опасни по живот подрачја“, вели Кристина Хиемнес, од организацијата „United We Dream“ (Заедно сонуваме)./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија6 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија6 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија9 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ9 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија9 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија10 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет13 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа14 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ15 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ15 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија15 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион15 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион16 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет16 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет17 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион17 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија18 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Досие