Контакт

Вести

САД против независност на Курдите

Објавено пред

САД ги повикаа политичките лидери во Ирак на единство по повод најавата на Курдите дека ќе одржат референдум за независност.

dobivaj vesti na viber

Белата куќа соопшти доцна во четвртокот дека Ирак може да се спротистави на налетот на сунитските екстремисти единствено доколку остане обединет, пренесува AFP.

 

„Факт е дека продолжуваме да веруваме оти Ирак би бил посилен доколку е обединет“, рекол портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

 

Тој истакнал дека „поради тоа САД продолжуваат да го поддржуваат Ирак кој е демократски, плуралистички и обединет“.

 

„Ќе продолжиме да настојуваме до сите страни во Ирак да продолжат да работат заедно кон оваа цел“, рекол претставникот за медиуми на Белата куќа.

 

САД се обидуваат да ги убедат ирачките сунити, шиити и Курди да формираат единствена влада во Багдад.

 

Претседателот на автономниот курдски регион во Ирак, Масуд Барзани, меѓутоа, во четвртокот од парламентот побарал да започне со организирање референдум за независност на тој регион, во моменти кога Ирак се соочува со офанзивата на џихадистите.

 

Парламентот би требало да „отпочне со подготовките за организирање референдум за правото на самоопределување“ на провинцијата која се стреми кон независност веќе десетина години, рекол Барзани во аудиоснимка од состанокот кој се одвивал зад затворени врати до кои успеала да стигне агенцијата AFP.

 

„Тоа ќе ја зајакне нашата положба и ќе биде моќно оружје во нашите раце“, додал курдскиот лидер.

 

Автономниот регион Курдистан веќе подолго време е во судир со ирачката федерална влада поради низа прашања, особено кога станува збор за она за што курдските политичари тврдат дека се одложени и недоволно буџетските надоместоци за регионот оваа година.

 

Ситуацијата, меѓутоа, дополнително се искомплицира кога курдските сили ја презеле контролата над градот Киркук, кој е исклучително богат со нафта, откако ирачките воени сили се повлекле од оваа област пред офанзивата на сунитските екстремисти која започна на деветти јуни.

 

Киркук се наоѓа во средишниот дел на територијата која курдските функционери сакаат да ја присоединат кон својот автономен регион кој се состои од три провинции, политика која наиде на остри критики од Багдад.

 

Според членот 140 од ирачкиот устав треба да се овозможи гласање за тоа дали спорните области ќе бидат припоени кон Курдистан, но овој член досега никогаш не бил применет поради политичките несогласувања.

 

Барзани, меѓутоа, во четвртокот истакна дека ова прашање е веќе решено и дека „не преостанува ништо друго туку дека жителите на овие области да донесат одлука за самоопределување“.

 

Курдските бунтовници во Ирак веќе со децении се борат со владата во Багдад и се подложени на репресија која најчесто е брутална, наведува AFP.

 

Курдите по соборувањето на сунитскиот ирачки диктатор Садам Хусеин имаат голема слобода во локалното управување во нивната автономна област и сега усвојуваат и свои закони, имаат свои безбедносни сили и управуваат со својот визен режим и политика поврзана со странските инвестиции, истакнува француската агенција.

 

По повикот на Барзани за отпочнување подготовки за референдум за независност, американскиот потпретседател Џозеф  Бајден, се сретна со шефот на кабинетот на Барзани, Фуад Хусеин во Белата куќа и и порачал на курдската делегација дека „важно е да се формира новата влада во Ирак која ќе ги обедини сите заедно“, и би се спротиставила на екстремистите од Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL).

 

Бајден, како што наведува Белата куќа, исто така имал телефонски разговор и со турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со настојување да добие поддршка од клучните држави во регионот за формирање на обединета ирачка влада./крај/мф/ап

 

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Свет7 часа

Голем број деца исчезнаа во поплавите во Тексас, потврдени 27 жртви

Околу 27 луѓе, меѓу кои и девет деца, загинаа во поплавите во централниот дел на Тексас, соопштија властите денеска, додека...

Македонија15 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија16 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ16 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ17 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет19 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија19 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија20 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт20 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија1 ден

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 ден

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ1 ден

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија2 дена

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија2 дена

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ2 дена

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија2 дена

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија2 дена

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...