Контакт

Вести

САД разгледуваат нова поддршка за бунтовниците во Сирија

Објавено пред

Додека САД разгледуваат давање дополнителна помош на сунитските сириски бунтовници кои ги смета за „умерени“ во борбата против Исламската држава, којашто може да вклучува и оружје и воздушни удари, коалициските сили под американско водство извршиле во петокот 27 воздушни удари во Ирак и Сирија.

dobivaj vesti na viber

Одлуката за новата помош на вооружената сириска опозиција ќе биде веројатно донесена во рамките на сеопфатната расправа за американската воена помош за бунтовниците во борбата против Исламската држава и е разгледувана заедно со Турција, пренесува Reuters, во време кога Русија започна со воздушни удари во Сирија против џихадистите, а Западот ја обвинува дека во тие напади страдаат и опозициските бунтовници, меѓу кои и малкуте преостанати кои ги обучуваа САД, што придонесува за нови вербални судири на релација меѓу Вашингтон и Москва.

Коалицијата предводена од САД извршила 27 воздушни напади на позициите на Исламската дражва во Ирак и во Сирија. Како што пренесува Reuters, 17 од нив се изведени во Ирак, од кои шест во близина на градот Рамади. Погодени биле позиции на џихадистите, единици, оружје и друг цели. Во Сирија биле погодени слични цели во десет воздушни удари недалеку од пет градови, но не е прецизирано каде.

Сириските опозициски групации тврдат дека најмалку 39 цивили од кои осум деца и осум жени се убиени во руски воздушни удар во изминатите четири дена. Руското министерство за одбрана ги отфрла тие обвинувања „без основа“ и тврди дека извршува напади далеку од цивилна инфраструктура. Според податоците објавени во саботата, во руските напади се убиени 14 исламистички борци и уништен е команден центар.

Кога станува збор за новата поддршка на Новите сириски сили (NSF), коишто ги вежбаат и опремуваат САД, на џихадистичката група Џебхат ан-Нусра, сириско крило на Ал Каеда, кон крајот на септември американската армија соопшти дека тие им предале шест возила и муниција кои им ги испорачала меѓународната коалицијата предводена од Вашингтон.

„Доколку овој извештај се покаже точен, многу е загрижувачки тоа што членовите на NSF ја снабдуваат Џебхат ан-Нусра и ги кршат насоките на сириската програма ‘Увежабај и опреми’’, изјави за медиумите портпаролот на Централната команда на американската армија за Блискиот исток (Centcom), пренесе Reuters

Новите сириски сили (NSF), сунитската вооружена опозиција која се бори против силите на претседателот Башар ал-Асад, која Западот ја оценува како „умерена“, ги предале камионите и муницијата во замена за безбедно минување низ подрачје под контрола на Џабхат ан-Нусра.

Ваква информација за предавање оружје, како и за минување на сириските опозициски борци во редовите на џихадистичките групи во Сирија имаше и во средината на септември. Сепак, американски функционер за AFP тврди дека „досега немало пребегнувања од NSF во ал-Нусра“, но се оградил велејќи „Ние го знаеме само она што ќе ни го кажат“.

Предавањето на оружјето претставува нов удар за веродостојноста на програмата којашто САД ја покренаа на почетокот од годинава. На почетокот од септрември американските медиум објавија дека САД ќе ја преиспитуваат стратегијата за справување со џихадистичките групи, што вклучува зголемување на групите обучени умерени сириски сунитски бунтовници кои ќе бидат вратени во Сирија и распоредување на оние локации каде што за нив е поголема поддршката од локалното населени.

Нагласувајќи ја неуспешноста на напорите предводени од САД за обуката на илјадници членови на сунтската вооружена опозиција којашто ја поддржува Западот, групацијата Џебхат ан-Нусра, која е сириско крило на Ал Каеда, во јули соопшти дека заробила повеќе од половината од 54-те обучени бунтовници за малку повеќе од една седмица откако тие беа распоредени во Сирија.

САД потврдија на почетокот од август дека го изведоа првиот воздушен напад во Сирија за да ја одбранат бунтовничка група Нова Сирија, која ја обучуваше американската војска, бидејќи ваквите сили кои Вашингтон ги смета за умерени, веднаш претрпеле загуби во судирите со исламистите. Овие американски воздушни напади врз позициите на екстремните исламисти се должеа на загубите што ги претрпеле сириските бунтовници обучувани и вооружени од САД кон крајот на јули. Веќе во првите операции оваа група изгубила десетина борци во судирот со борците на Џебхат ан-Нусра во северна Сирија.

Тогаш портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави и дека не е исклучено САД да ги бомбардираат и силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, доколку бидат „принудени да ги заштити бунтовниците кои ги обучуваа“.

Како што претходно објавија САД, за речиси два месеца обучиле 60-ина борци на опозицијата, како што првично беше најавено, за борба против Исламската држава. Вкупно проверката според американските стандарди, вклучително и разузнавачките проверки, ги минале околу седум илјади доброволци. Вашингтон има намера да обучува пет илјади сириски опозициски борци годишно во базите во Турција, Катар, Јордан и Саудиска Арабија.

Во најавата на програмата на обуката, Вашингтон наведе дека му е цел да обучува по 5.000 борци годишно. Тие, како што стравува Дамаск, ќе бидат употребувани и во судирите со силите на сириската влада.

Американските воени власти задолжени за спроведување на оваа програма се соочуваат со тешкотии при селекцијата на кандидатите, бидејќи САД сакаат да ја ограничат опасноста меѓу нив да се инфилтрирани припадници на повеќе сунитски радикални исламистички организации коишто се активни на сириското боиште, кои потоа би се свртиле кон нив. Според најновите податоци коишто ги објави Пентагон, се пријавиле 3.750 сириски кандидати, од кои 400 ја минале подготвителната фаза.

Американскиот Конгрес, кој силно ја поттикнуваше администрацијата на претседателот Барак Обама на воена операција во Сирија и особено на споменатата програма, издвои 500 милиони долари за нејзиното финансирање.

САД најавија дека околу 1.000 американски војници ќе бидат распоредени за оваа програма на формирање сириски опозициски сили коишто ќе бидат способни да им се спротистават на добро вооружените и обучени екстремистички групи коишто ги потиснаа од многу покраини, особено од страна на Исламската држава. Засега 450 американски војници пристигнале на самото место, велат американски извори.

Некои од главните партнери на САД во регионот му забележуваат на Вашингтон што сака да ја води акцијата на сириската вооружена опозиција против џихадистите од Исламската држава, а ќе ја занемари борбата против силите на претседателот Асад.

Во февруари, Турција и САД потпишаа договор за обука на борците на сунитската опозициска Слободна сириска армија (FSA) за справување со Исламската држава. Притоа САД претпоставуваат дека во следните три години ќе обучат 15 илјади борци на FSA. Почетокот на програмата, кој беше планиран за 1-ви март, беше одложен поради барањето на Анкара за рамноправно учество на турските и на американските инструктори за обука на сириските бунтовници, како и за формирање заедничка комисија којашто ќе ги избира кандидатите./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија8 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија9 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија11 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија13 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија13 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија13 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија15 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија16 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион17 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет17 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа18 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија19 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет19 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија1 ден

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ1 ден

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...