Контакт

Вести

САД руското користење на иранска база го нарекоа „несреќно но не и изненадувачко“

Објавено пред

Руското користење на воздухопловна база во Иран за изведување на воздушни удари врз бунтовничките исламистички групи во Сирија е „несреќно но не изненадувачко“, соопштија во вторникот од американскиот Стејт департмент, додавајќи дека Вашингтон уште ги анализира димензиите на руско-иранската соработка и легалноста на руското користење на иранскиот воздушен простор.

dobivaj vesti na viber

Руските бомбардери распоредени во Иран во вторникот ги гаѓале позициите на бунтовниците во Сирија, соопшти руското министерство за одбрана, откако Русија ги размести своите борбени авиони во иранска воздухопловна база поради проширување на својот ангажман во Сирија. Министерството за одбрана објави дека нападите се покрената од воздухопловната база кај Хамадан, а се изведуваат со стратешките бомбардери „Туполев-22М3“ придружувани од ловите бомбардери „Сухој-34“.

Руските медиуми објавија дека бомбардерите „Туполев-22М3“, кои веќе изведоа бројни напади врз милитантите во Сирија од базите на југот од Русија, се преголеми за да се сместат во руската воздухопловна база во Сирија. Иранската база покрај Хамадан се наоѓа на северозападот од Иран и руските бомбардери мораат да го прелетуваат Ирак за да вршат бомбардирања во Сирија.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, изјави дека руското користење на иранските бази нема нужно да ги спречи САД да постигнат договор со Москва за соработка во борбата против Исламската држава во Сирија, откако претходно во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави дека двете земји се блиску до постигнување договор за заедничко дејствување во северната сириска покраина Алепо иако поддржуваат различни страни во сирискиот конфликт.

„Меѓутоа, сé уште не сме дошле до тоа“, рекол Тонер, додавајќи дека Русија наводно продолжува со нападите врз сунитската вооружена опозиција во Сирија, којашто САД ја нарекуваат „умерена“, пренесува Reuters.

Тонер додал дека САД го проучуваат прашањето дали руското користење на иранскиот воздушен простор за напади врз екстремистите во Сирија претставува кршење на Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН.

„Најкусиот одговор на вашето прашање е – ние го проучуваме тоа“, изјави портпаролот на американската дипломатија на редовниот брифинг со новинарите, запрашан дали Вашингтон смета дека користењето на руските бомбардери на базата во Иран е кршење на резолуцијата 2231 на Советот за безбедност, пренесува агенцијата ТАСС.

Според Тонер, „многу е веројатно да има кршење на Резолуцијата 2231, која забранува доставување, продажба или предавање на борбени воени апарати на Иран, без одобрение на Советот за безбедност на ОН“, „Знам дека нашите правници се обидуваат во оваа фаза да соберат што е можно повеќе детали“, рекол портпаролот на Стејт департментот.

Тонер не можел да каже какви би можеле да бидат реалните последици доколку се смета дека Москва ги повредила одредбите од Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, но смета дека една од можните солуции би била „разговори за сложената ситуација на ниво на Советот за безбедност“.

Тонер известил и дека американскиот државен секретар Џон Кери во телефонскиот разговор со својот руски колега Сергеј Лавров му ја изразил загриженоста од руското користење на база во Иран за гаѓање цели во Сирија, но не дал детали, забележува агенцијата РИА.

Друг американскиот функционер за Reuters рекол дека Русија ја предупредила меѓународната коалиција предводена од САД за борба против Исламската држава дека ќе полетува од Иран.

„Русија ја предупреди коалицијата“, рекол за Reuters портпаролот на коалицијата Крис Гарвер на прес-конференцијата пренесувана со видео линк.

„Тие нé известија дека ќе прелетаат преку зоната под контрола на коалицијата…, но тоа немаше никакво влијание врз операциите кои во исто време и изведуваше коалицијата, ниту во Ирак, ниту во Сирија“, истакнал портпаролот.

Се смета дека ова е првпат Русија да изведува удари врз цели во Сирија од иранската територија, откако во септември минатата година одговори на барањето на својот блискоисточен сојузник сирискиот претседател Башар ал-Асад./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

Им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали: откриено автоматско оружје по пријава за семејно насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење,...

Македонија2 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија2 часа

Запленети пиштоли, едно лице е во притвор, спречен обид за сериозен меѓународен криминал, соопшти Царинската управа

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што биле запленети девет пиштоли од кои пет...

Македонија2 часа

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна...

Македонија3 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет3 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ3 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа7 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет7 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет8 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет8 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет20 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија23 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...