Контакт

Вести

САД сакаат договорот со Иран да биде имун на вето од Русија и Кина, Хамнеи предупредува на воените закани

Објавено пред

САД сакаат да бидат сигурни дека конечниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили ќе вклучуваат можност од повторно наметнување на санкциите ОН, доколку Техеран го прекрши договорот, како и дека во тој случај Русија и Кина нема да можат да стават на нив вето во Советот за безбедност, истовремено врховниот ирански верски водач ајатолахот Али Хамнеи предупреди дека американските воени закани упатени последните неколку денови би можеле да ги загрозат преговорите.

dobivaj vesti na viber

Ајатолахот Али Хамнеи, кој ги носи конечните одлуки за сите важни државни работи, изјави дека двајца американски функционери му се заканиле на Иран со воена акција, доколку преговорите пропаднат, но не навлегуваше во детали, пренесуваат иранските медиуми.

„Одржување на нуклеарните преговори во сенката на заканите е неприфатливо за Иран (…) Нашата земја тоа нема да го прифати (…) Воените закани нема да им помогнат на преговорите“, изјави Хамнеи во својот говор на собирот на учителите во Техеран пренесуван на државната телевизија.

„Последните два дена двајца американски функционери се заканија со воена акција против Иран, доколку Техеран одбие да прифати некој од условите. Јас сум против одржување на (нуклеарните) преговори во сенката на заканите“, рече ајатолахот по што од аудиториумот се слушаа повици „Смрт на Америка“ и „Смрт на Израел“.

Хамнеи ја повтори својата претпазлива поддршка за нуклеарните преговори, но истакна дека иранските преговарачи треба да ги почитуваат „црвените линии“. „Нашите преговарачи би требало ги да продолжат преговорите, меѓутоа почитувајќи ги нашите црвени линии (…) Тие не смеат да прифатат никакви наметнување, понижување и закани“, порача ајатолахот.

Санкциите на ОН, и идниот механизам за иранското купување на чувствителната атомска технологија, се двете основи проблематични прашања во разговорите за можниот нуклеарен договор со Иран. Претставниците на Техеран и на шесте светски сили (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија) се обидуваат да ги надминат длабоките поделби последните денови, изјавиле за Reuters дипломати кои сакале да останат анонимни.

Преговарачите во вторникот ги завршија разговорите во Њујорк, а на ниво на експерти тие ќе продолжат уште неколку денови. Крајниот термин што си го поставија преговарачите за постигнување на конечниот договор е 30-ти јуни. Овие преговори беа одржани на маргините од конференцијата за Спогодбата за неширење на нуклеарното вооружување. Преговорите ќе продолжат во австриската престолнина Виена следната седмица.

Главниот иранскиот преговарач во Њујорк, заменикот министер за надворешни работи Абас Аракчи, изјави за иранските медиуми дека „атмосферата на разговорите била добра и дека е можно да биде постигнат конечен договор до 30-ти јуни“.

Меѓутоа западни дипломати изјавиле дека Иран и шесте сили се далеку од постигнување конечен договор, поради разликите околу санкциите, надзорот на иранските нуклеарни постројки и други прашања.

Враќање американските санкции и санкциите од ЕУ во Иран е прилично лесно во случај Иран да ги прекрши идниот договор, но проблемот е со санкциите на ОН. И додека САД се загрижени дека Русија и Кина би можеле да го искористат своето право на вето, Москва, Пекинг и Техеран сакаат да бидат сигурни дека Вашингтон нема да може еднострано да ги врати санкциите, доколку идниот американски претседател биде од редовите на републиканците, коишто уште во февруари ја најавија таквата можност. „Сé уште не најдовме механизам кои би ги задоволи сите“, рекол за Reuters еден дипломат.

По постигнувањето на рамковниот договор од 2-ри април во Швајцарија, преговарачите сега мора да ги решат техничките детали на конечниот договор, кој ќе гарантира исклучиво цивилна намена на иранската нуклеарна програма во замена за укинувањето на меѓународните санкции воведен во 2006 година. Западот и Израел обвинуваат дека Иран има цел да развие нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека збогатувањето на ураниум му е потребно за производство на електрична енергија и во медицински истражувања./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија6 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ8 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија9 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија10 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ11 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија12 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет12 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија13 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија13 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион14 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет14 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет15 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет15 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа15 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...