Вести
САД се сомневаат дека Пјонгјанг тестирал Х-бомба, можни се последици
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/magnituda.jpg)
Белата куќа изрази во средата сомневање дека Северна Кореја првпат тестирала хидрогенска бомба, многу помоќна од обичната атомска бомба, а Пентагон предупреди на можните последици.
„Првата анализа не е во согласност со тврдењата на Северна Кореја дека успешно го извела првото тестирање на хидрогенска бомба. Ништо што се случило во последните 24 часа не ги наведе САД да ја променат својата процена за техничките и воените капацитети на Северна Кореја“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џошуа Ернест, пренесува AFP.
И претходно во средата експертите севернокорејските тврдења ги дочекаа со големи резерви, истакнувајќи дека силата ослободена со експлозијата била далеку помала од онаа којашто би ја ослободила хидрогенска или термонуклеарна бомба.
Челникот на Организацијата за целосно спроведување на договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестирања (CTBTO), Ласина Зербо, за Reuters изјави дека магнитудата на потресот предизвикан од експлозијата била многу помала од сличниот потрес во 2013 година.
Првите информации покажале дека магнитудата во средата била од 4,8 до 4,9 степени според Рихтер, наспроти 5,1 степени во 2013 година, кога е изведено нуклеарно тестирање.
Американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека севернокорејското тестирање е „голема провокација“ којашто претставува закана за меѓународниот мир и безбедност.
„Оваа голема провокација е голема закана за меѓународниот мир и безбедност и е очигледно кршење на многуте резолуции на Советот за безбедност на ОН. Не прифаќаме и нема да ја прифатиме Северна Кореја како држава со нуклеарно оружје, и ваквите потези само ја јакнат нашата решителност“, изјави Кери и го повика Пјонгјанг да „избере подобар пат“.
Американскиот министер за одбрана, Ештон Каретер,и неговиот јужнокорејски колега Хан Мин-ку се согласиле во телефонски разговор дека овој инцидент „треба да има последици“.
„Министерот Картер ја истакна непоколебливата доследност на САД во одбрана на Јужна Кореја, што ги опфаќа сите аспекти на американската политика на одвраќање“ од напад, објави Пентагон, пренесе Reuters./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.