Вести
САД сметаат дека Ирачаните не можат сами да ја вратат територијатa

Ирачките сили за безбедноста веројатно нема да можат самите да ја вратат контролата на територијата којашто ја заземаа сунитските џихадисти, изјави во четвртокот висок американски офицер.
Генералот Мартин Демпси, началник на главниот штаб на американската армија, изјави дека американските воени советници во Ирак јавуваат дека ирачката армија “е во состојба да го брани (главниот град) Багдад, но дека од логистички аспект проблематично е дали може да тргне во офанзива“.„Ако ме прашувате дали Ирачаните во некој момент ќе бидат способни за офанзивно дејствување и ќе ја вратат изгубените територии од Ирак, мислам дека тоа е многу пошироко прашање. Самите веројатно не“, изјави Демпси за медиумите во Пентагон.Ирак се обидува да го запре ширењето на офанзивата започната на 9-ти јуни и напредувањето на џихадистите и сунитските бунтовници од одметната фракција на Ал Каеда кои заземаа големи области од северот и западот на земјата и се закануваат со заземање на престолнината Багдад. Милитантите беа во позиција да освојат толкава територија, делумно и поради тоа што силите на владата што ја предводи шиитскиот премиер Нури ал-Малики минатиот месец ги напуштија позициите во регионите каде што мнозинство се малцинските сунити. САД кои по инвазијата на Ирак во 2003 година со којашто го соборија сунитскиот диктатор Садам Хусеин се концентрираа во градењето на ирачките безбедносни сили, сега разгледуваат начини како да ѝ помогнат на ирачката армија да ги одбијат нападите на џихадистите. Меѓутоа, администрацијата на претседателот Барак Обама не сака САД да ги вовлечат во уште една војна во Ирак, особено додека во Багдад траат политичките тензии околу формирањето на новата влада по изборите во април.Министерот за одбрана на САД, ЧАк Хејгел, изјави дека американските војници формирале втор заеднички американско-ирачки центар за операции, Новиот центар во Арнил, главниот град на полуавтономната северна област, ќе се дополнува во функционирањето со првиот таков центар воспоставен во Багдад.Американската армија на теренот во Ирак има шест тимови за процена на ситуацијата, додаде министерот Хејгел. Нивната цел е да ја проценат моменталната состојба на ирачките сили и што САД можат да сторат за да ѝ помогнат на владата да ги потисни бунтовниците. „Имаме многу подобра разузнавала слика отколку пред две седмици и секој ден е сѐ подобра“, изјави генералот Демпси./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.