Контакт

Вести

САД со воена операција се обиделе да го ослободат Фоли

Објавено пред

Американските воени сили се обидел во тајна мисија во Сирија да го ослободат американскиот новинар Џејмс Фоли и други Американци кои се земени во заложништво, но вооружениот судир со џихадистите до Исламската држава завршило со сознанието дека заложниците не биле таму, потврдија американски функционери.
 

dobivaj vesti na viber

Американските воени сили се обидел во тајна мисија во Сирија да го ослободат американскиот новинар Џејмс Фоли и други Американци кои се земени во заложништво, но вооружениот судир со џихадистите до Исламската држава завршило со сознанието дека заложниците не биле таму, потврдија американски функционери.

 

Операцијата што ја одобрил американскиот претседател Барак Обама, врз основа на разузнавачки информации,била изведена претходно ова лето. Американски функционери ја признаа оваа операција ден откако беше објавена видеоснимка си наслов „Порака до Америка“ (A Message To America) на којашто маскиран припадник на џихадистичката Исламска држава го погубува 39-годишниот американски новинар Џејмс Фоли. Тој известуваше за AFP од сириската граѓанска војна, а на 22-ри ноември 2012 година беше грабнат во близина на сириско-турската граница крај градот Рафаназ во северната сириска провинција Идлиб за време на репортажа заедно со негов колега кој исто така беше киднапиран. На снимката џихадист кој зборува со изразен британски акцент се заканува и со погубување на вториот Американец, Стивен Сотлофф, новинар на Time, како одговор на американските воени удари.

Како што пренесува Reuters, американските функционери не сакале да одговорат кога точно била изведена споменатата операција, но рекле дека тоа се случило во последните неколку седмици.

Американските специјалци и другиот воен персонал биле префрлени со хеликоптери и авиони на територијата на Сирија на којашто се верувало дека се кријат заложниците и тамо се судриле со борците на Исламската држава. Во борбата биле убиени повеќе џихадисти и според процените станува збор за првиот судир на копно меѓу американските воени сили и милитантите од Исламската држава.

„Имавме неколку извештаи кои ни дозволуваа да преземеме операција“, рекол за The Washington Post извор од американската администрација. Според него, „војниците дејствувале многу агресивно и многу брзо“. „За жал, операцијата беше неуспешна, бидејќи на местото каде што таа се спроведуваше немаше заложници“, додал соговорникот. Весникот, исто така, истакнува дека изворот „не ги прецизирал имињата и бројот на заложниците, коишто, како што се претпоставува, биле држени заедно со Фоли“.

Советничката на американскиот претседател Барак Обама за контратероризам, Лиза Монако во соопштението наведе дека претседателот ја одобрил операцијата поради тоа што проценил дека опасноста за заложниците е поголема со секој изминат ден. „Владата на САД располагала со нешто што го сметавме за задоволителен разузнавачки податок и кога се укажа можност, претседателот го овласти министерството за одбрана за агресивна акција за ослободување на нашите државјани. За жал, мисијата не беше успешна, бидејќи заложниците не беа таму“, наведува Монако.

Советот за национална безбедноста на Белата куќа подоцна објави дека немало намера кога и да е да биде откриена таа операција, меѓутоа дека тоа е сторено откако станало очигледно дека сé поголем број американските медиуми се подготвени да пишуваат за неа. „Поради грижата за безбедноста на заложниците и за сигурноста на операцијата, императивно беше да ја задржиме во тајност што е можно повеќе“, се наведува во соопштението на Советот.

Семејствата на заложниците биле известени за операцијата, меѓутоа дури откако тоа било сигурно. Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека мисијата била насочена на одредена мрежа во склопот на милитантните групи на Исламската држава. „САД нема да толерираат грабнувања на наши луѓе и неуморно ќе работат на обезбедување на сигурноста на нашите државјани и на тоа нивните грабнувачи да одговараат“, изјави Кирби.

Американските медиуми објавија дека грабнувачите на 13-ти август испратиле порака на семејството на Фоли дека ќе биде погубен во знак на одмазда поради американските воздушни напади против џихадистите од Исламската држава. Семејството пораката ја проследило до американското министерство за надворешни работи и со помош на Федералното биро за истраги (FBI) бил составен одговор со кој грабнувачите ги моли за милост и се наведува дека новинарот Џејмс Фоли е невин новинар кој го почитува народ во Сирија во која е држен во заложништво./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ7 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ8 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет9 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет10 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија14 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија15 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија15 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија15 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ1 ден

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет1 ден

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија2 дена

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет2 дена

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 дена

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...