Контакт

Вести

САД забрануваат самица за затворениците и доживотен затвор за малолетници

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама, кој заговараше реформа на затворскиот систем, најавува забрана за изолација на малолетните затвореници во сојузните затвори, во текстот кој во вторник ќе биде објавен во весникот The Washington Post, откако Врховниот суд на САД оцени во понеделникот дека неговата одлука од 2012 година за забрана на доживотниот затвор за малолетниците може да се применува ретроактивно.

dobivaj vesti na viber

Забраната за изолација за помали кривични дела и проширување на лекувањата на затворениците кои патат од психички проблеми, најавува во споменатиот текст американскиот претседател Барка Обама.

Овие мерки се однесуваат на 100.000 затворениците во сојузните затвори и претседателот на САД се надева дека тие ќе послужат како „модел“ за затворите со коишто управуваат поедините сојузни држави.

Најавата на Обама следува ден откако американскиот Врховен суд објави дека неговата одлука од 2012 година за забрана на доживотниот затвор за малолетниците може да се применува ретроактивно, со што е дадена надеж за излегување за многу затвореници осудени на доживотен затвор без можност за помилување за злосторства коишто ги сториле како малолетници.

Со 2,2 милиони затвореници САД држат во затворот мажи и жени повеќе отколку 35 европски држави заедно.

„Ставањето на затворениците во изолација расте во САД од XIX век…. Денес таа мерка претерано се користи, а нејзините психолошки последици се разорни“, истакнува Обама.

„Како можеме затвореникот да го ставиме во изолација којашто не е потребна познавајќи ги нејзините ефекти и да очекуваме тој повторно да се вклучи во нашата заедница. Тоа не нé први посигурни и тоа претставува навреда за нашата заедничка хуманост“, истакнува американскиот претседател.

Како модел Обама ја наведува сојузната држава Колорадо која ја намали примената на оваа метода, што резултирало со позитивни ефекти, на пример, се намалило насилството кон затворскиот персонал.

Обама во јули 2015 година беше првиот американски претседател во историјата на земјата кој за време на извршување на должноста посети сојузен затвор и тогаш предупреди на недостатоците на американскиот затворски систем кој е меѓу најскапите и меѓу најпренатрупаните во светот. Масовните затворски казни во САД предизвикаа експлозија на трошоците, околу 80 милијарди долари годишно, што претставува третина од буџетот на министерството за правда.

Афроамериканците и хиспаноамерканците го сочинуваат мнозинството од затворската популација во САД, или 60 отсто од сите затвореници, иако двете заедници претставуваат само 30 отсто од вкупното американско население.

Според Обама, 100.000 затвореници се наоѓаат во изолација во американските сојузни затвори, меѓу нив и малолетници и лица со психички пореметувања.

Новата одлука на Врховниот суд за ретроактивната примена на доживотниот затвор за малолетници и најавата на Обама за забрана на изолацијата во самици, се дел од пошироката расправа во САД за казните чии траења се оценети како претерани во правосудниот систем со пренатрупани затвори.

Со примена на конкретен случај, деветте судии на Врховниот суд му дадоа за право, со шест наспроти три гласа, на затвореникот Хенри Монтгомери, кој бараше повторно судење и се повикана 8-от амандман од уставот, кој забранува „свирепи и невообичаени казни“. Монтгомери како 17-годишник убил заменик шериф во државата Луизијана и во затвор е од 1963 година.

Со примената на ретроактивноста на веќе изречените пресуди, одлуката на Врховниот суд силно ќе влијае врз американската затвореничка популација. Всушност, до оваа одлука, илјадници затвореници во земјата биле осудени речиси сиот свој живот да го минат зад решетки, иако во времето кога биле уапсени биле малолетници.

Н 25-ти јуни 2012 година Врховниот суд одлучи дека доживотното затворање на малолетник е во спротивност со уставот, како и дека во тој случај со младиот деликвент треба да се постапува поинаку отколку со возрасен. Но досега оваа историска одлука се користеше само за малолетници осудени за убиство по овој датум. /крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија10 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија12 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија13 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија13 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија13 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија14 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион16 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет16 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија17 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа17 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет17 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет17 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет18 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет18 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа18 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 дена

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...