Контакт

Вести

САД започнаа обука на сириските бунтовници

Објавено пред

САД започнаа во Јордан обука на сунитските сириски бунтовници, коишто ги нарекува умерени, за борба против џихадистичката организација Исламска држава којашто зазема големи територии во Сирија на кои заедно со оние кои ги контролира во соседен Ирак на почетокот од јуни 2014 година прогласи ткн калифат.

dobivaj vesti na viber

„Го објавуваме почетокот на обуката на првата група од (сириската) опозиција. Овој чекор има клучно значење за уништувањето на исламската држава“, изјави американскиот министер за одбрана Ештон Картер, пренесе Reuters кој претходно ја објави информацијата повикувајќи се на свои извори во Пентагон.

Картер притоа прецизираше дека „во текот на следните неколку седмици САД ќе започнат со обуката на втората опозициска група“. Истакна и дека „одлуките за распоредувањето на обучените лица ќе ја донесат нивните лидери“, како и дека тоа „уште не е решено“, но тоа може да се случи „во рок од неколку месеци“.

Според првиот човек на Пентагон, „САД ќе понесат одредена одговорност за осигурување на безбедноста“ на претставници на опозицијата кои имаат намера да ги обучуваат. „Уште не сме донеле одлука за тоа на кој начин тоа ќе се остварува. Меѓутоа, ние имаме обврска кон тие луѓе, коишто се борат за својата земја“, рече Картер.

Неименуван американски функционер во Вашингтон за AFP прецизира дека оваа обука на основните воени вештини потоа ќе биде проширена и на Турција, Саудиска Арабија и Катар, сунитски земји коишто претседателот на Сирија, алавитот (шиит) Башар ал-Асад ги обвинува дека преку нивните тајни служби ги кренаа во март 2011 година бунтот против него, со финансирање и вооружување на сириската сунитска заедница.

Во најавата на програмата на обуката, Вашингтон наведе дека му е цел да обучува по 5.000 борци годишно. Тие, како што стравува Дамаск, ќе бидат употребувани и во судирите со силите на сириската влада.

Американските воени власти задолжени за спроведување на оваа програма се соочуваат со тешкотии при селекцијата на кандидатите, бидејќи САД сакаат да ја ограничат опасноста меѓу нив да се инфилтрирани припадници на повеќе сунитски радикални исламистички организации коишто се активни на сириското боиште, кои потоа би се свртиле кон нив. Според најновите податоци коишто ги објави Пентагон, се пријавиле 3.750 сириски кандидати, од кои 400 ја минале подготвителната фаза.

Американскиот Конгрес, кој силно ја поттикнуваше администрацијата на претседателот Барак Обама на воена операција во Сирија и особено на споменатата програма, издвои 500 милиони долари за нејзиното финансирање.

САД најавија дека околу 1.000 американски војници ќе бидат распоредени за оваа програма на формирање сириски опозициски сили коишто ќе бидат способни да им се спротистават на добро вооружените и обучени екстремистички групи коишто ги потиснаа од многу покраини, особено од страна на Исламската држава. Засега 450 американски војници пристигнале на самото место, велат американски извори.

Некои од главните партнери на САД во регионот му забележуваат на Вашингтон што сака да ја води акцијата на сириската вооружена опозиција против џихадистите од Исламската држава, а ќе ја занемари борбата против силите на претседателот Асад.

Во февруари, Турција и САД потпишаа договор за обука на борците на сунитската опозициска Слободна сириска армија (FSA) за справување со Исламската држава. Притоа САД претпоставуваат дека во следните три години ќе обучат 15 илјади борци на FSA. Почетокот на програмата, кој беше планиран за 1-ви март, беше одложен поради барањето на Анкара за рамноправно учество на турските и на американските инструктори за обука на сириските бунтовници, како и за формирање заедничка комисија којашто ќе ги избира кандидатите./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет51 минута

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 час

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 час

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 час

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија9 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет13 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет14 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет22 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет22 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет22 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет22 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет23 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...