Контакт

Вести

Самитот на Г7 посветен на Брекзит, Русија, Кина и поттикнувањето на растот

Објавено пред

Евентуалното излегување на Велика Британија од Европската унија би претставувал сериозен ризик за вкупниот економски раст се наведува во изјавата од самиот на челниците на седумте индустриски најразвиени земји од групата Г7, во којашто се истакнува дека овие земји ќе ги продолжат санкциите против Русија, ја критикуваат Кина.

dobivaj vesti na viber

Изјавата во пресрет на референдумот од 23-ти јуни за британското излегување или останување во ЕУ, се очекува да оди во полза на владата во Лондон поради низата сериозни предупредувања за евентуалните загуби кои би можеле да настанат доколку Британците се одлучат да го напуштат 28-члениот блок.

„Излегувањето од ЕУ ќе биде пресврт во трендот на вкупната трговија и инвестиции и создадените работни места и претставува ризик за растот“, се наведува, меѓу другото, во изјавата од самитот на Г7, покрај темите за геополитичките судири, тероризмот и бегалците.

Темата на британското излегување од ЕУ не беше на дневниот ред на самитот, но функционери од британската влада претходно најавија дека ја очекуваат на маргините.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, на новинарите им изјави дека за Брекзитот не се разговарало во јапонското летувалиште Исе-Шима. „Тоа не беше предмет на разговори. Но постоеше сигнал од сите кои овде седат за желбата Британија да остане дел од ЕУ. Но, одлуката за тоа е на британските гласачи“, изјави Меркел по дводневниот самит кој завршува во петокот.

Челниците на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија изразија загриженост поради влошувањето на тензиите во Јужното и Источното Кинеско Море, повикувајќи на решавање на судирите без примена на сила.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја повика групата Г7 да донесат „јасен и цврст став за сите територијални спорови, без разлика дали станува збор за Украина или Јужното или Источното Кинеското Море“. „Веродостојноста на Г7 се испитува со нашата способност да ги браниме заедничките вредности во кои не е доволно само да се верува“, истакна.

Кога станува збор за украинската криза, челниците порачуваат дека западните санкции против Москва „ќе бидат укинати штом Русија ги изврши своите обврски“, предупредувајќи дека „се подготвени да донесат и други мерки“ доколку е потребно, за руските власти да платата „повисока цена за своите постапки“.

„Во однос на Русија седумката се согласи дека е неопходно да се продолжат санкциите во јуни. Украина е жртва на руската агресија, не смее да се заборави тој факт, и затоа седумката јасно изјави дека сегашните санкции мора да се останат на сила до целосното исполнување на договорот од Минск“, изјави за новинарите британскиот премиер Дејвид Камерон.

Но групата, сепак, оценува, дека е важно да се „продолжи дијалогот“ со Москва.

Мигрантската криза која ја погоди Европа претставува „светски проблем“ кој мора да се решава на „светско“ ниво, оценуваат во Г7, чиишто членки одржале „жива дебата“ на таа тема, соопштија јапонските претставници.

Добар дел од расправите бил посветен на борбата против тероризмот, а приватен е и „акциски план“ за задушување на неговото финансирање, кој во Сенади, во северна Јапонија, го подготвиле министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на групата Г7 неколку дена пред почетокот на самитот. Ремата на едно од заседанијата била и заштитата на културните споменици од напади.

Покрај овие теми, седумте челници „повторно се обврзаа дека ќе се служат со сите средства од политичката економија – монетарни, буџетски и структурни – на национално и на колективно ниво“, како и дека долгорочно ќе „продолжат да ги спроведуваат структурните реформи“ за поттикнување на растот, продуктивноста и производствениот потенцијал./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа2 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа2 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет2 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија9 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија13 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија14 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија15 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија15 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија20 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија21 час

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија22 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија23 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија23 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија23 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија23 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија24 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет1 ден

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа1 ден

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...