Вести
Сандерс: Политичката револуција мора да продолжи
Кандидатот за номинација на американските претседателски избори од Демократската партија, Берни Сандерс, им препорача н своите приврзаници да продолжат со борбата за реформирање на партијата, без формално да застане на страната на најверојатниот партиски кандидат Хилари Клинтон, но најавувајќи дека сака да ѝ помогне да го победи републиканскиот кандида Доналд Трамп.
„Вистинската промена не доаѓа одгоре. Секогаш доаѓа одоздола, кога милиони лица велат дека не можат повеќе и се ангажираат. Затоа политичката револуција мора да биде продолжена“, изјави Берни Сандерс во говорот емитуван на интернет.
Сенаторот од сојузната држава Вермонт не се откажа ниту технички ги „ослободи“ делегатите освоите на предизборите кои ќе му бидат приврзани на гласањето на партиската конвенција во Филаделфија, од 25-ти до 28-ми јули. Но Сандерс покажува е повеќе дека ќе ја поддржи кампањата на Хилари Клинтон за „да се победи Доналд Трамп’“ на претседателските избори на 8-ми ноември.
„Лично имам намера наскоро да почнам да ја играм својата улога во тој процес“, најави сенаторот.
Сандерс и Клинтон се сретнаа во вторникот во Вашингтон, а нивната средба е опишана како многу срдечна од двете страни.
„Но, да се победи Доналд Трамп не може да биде нашата единствена цел. Мораме да ги продолжиме напорите на теренот за да ја создадеме Америка каква што може да биде. И таа енергија мораме да ја донесеме на демократската конвенција на 25-ти јули во филаделфија, каде ќе имаме повеќе од 1.900 делегати“, рече Сандерс.
Берни Сандерс, засега обезбеди поддршка на 1.567 делегати. Неодамна изјави дека новинарите избрзале и треба да го почекаат исходот од резултатите на партиската конвенција. Сенаторот повтори дека има намера да ја продолжи својата борба за Белата куќа.
Од друга страна, Хилари Клинтон, пресметките на агенцијата Associated Press на основа на избраните делегати, добиени на прелиминарните внатрепартиски избори, како и од истражувањето на партиските извори, познати како суперделегати, покажува дека Клинтон ја добила поддршката од неопходните 2.383 делегати. Сега таа е фактички кандидат и формално ќе да добие номинацијата во јули на националната конвенција на Демократската партија во Филаделфија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.