Контакт

Вести

Саудиска Арабија стана прв увозник на оружје

Објавено пред

Саудиска Арабија во 2014 година станала прв светски увозник на оружје и воена опрема, надминувајќи ја Индија, а како причина за тоа се наведуваат се’ поголемата напнатост на Блискиот исток и Пацифичка Азија, тврдат експертите од водечката компанија за прашањата за трговија со оружјето во светот IHS Janes со седиште во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Во текот на 2014 година продажбата на оружје во светот „порасна шеста година по ред“, достигнувајќи вредност од 64,4 милијарди американски долари, во однос на 56 милијарди долари во 2013 година. Тоа претставува зголемување од 13,4 отсто, се вели документот на „IHS Janes“.

„До рекордните бројки е дојдено поради побарувачката без преседан на пазарите во формирање за воени авиони, како и поради зголемувањето на напнатоста на Блискиот исток и во регионите на Пацифичка Азија“, појасни за AFP Бен Мурс од лондонската компанија.

Во извештајот кој опфаќа 65 земји се истакнува дека од неодамна најголемиот купувач на оружје е Саудиска Арабија со увоз во износ од 6,5 милијарди долари. Оваа земја во 2013 година беше втора во светот според увозот на оружје и воена опрема, а во 2014-та од таа позиција ја симна Индија, која потрошила 5,5 милијарди долари, и стана најважниот пазар за САД во овој сегмент.

„Саудискиот увоз на оружје и воена опрема е зголемен за 54 отсто, а ќе расте за 52 отсто во 2015 година, и ќе достигне сума од 9,8 милијарди долари“, се наведува во извештајот, и се додава дека Блискиот исток е најголемиот регионален пазар за продажба на оружје со околу 110 милијарди долари потенцијален увоз во претстојната деценија.

Само Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во текот на изминатата 2014 година направиле увоз на оружје и воена опрема од околу 8,6 милијарди долари, што е повеќе од цела западна Европа.

Кога станува збор, пак, за извозот на оружје и воена опрема, во споменатиот извештај се наведува дека со продажба од 23,7 милијарди долари САД се најголемиот извозник, како и дека на оваа земај отпаѓаат две третини од светскиот извоз на оружје во светот.

На второто место е Русија, којашто во 2014 година најмногу оружје извезувала во Кина, а вкупната продажба на оружје и воена опрема на оваа земја изнесува 10 милијарди долари, што е за 9 отсто повеќе отколку во претходната 2013 година./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија2 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија3 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија3 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет4 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет4 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет4 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет5 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија23 часа

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија1 ден

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...

Европа3 дена

Главниот советник на Зеленски поднесе оставка

Андриј Јермак, моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Оставката дојде откако агенти од Националното биро...