Контакт

Вести

Шефовите на дипломатиите повикаа на продолжување на примирјето во Газа

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на седум земји повикаа во саботата од Париз на продолжување на 12-часовниот „хуманитарен“ прекин на огнот во палестинската енклава Појасот Газа меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас, објави шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус.

„Средбата беше позитивна, овозможи носење заеднички насоки за меѓународна акција кон постигнување примирје во Газа,. Сите ги повикавме страните да го продолжат прекинот на огнот кој во моментов е на сила“, изјави Фабиус за медиумите по средбата на којашто учествуваа и неговите колеги од Велика Британија, Италија, Катар, Турција Германија и државниот секретар на САД, Џон Кери. „Сите сакаме што е поскоро можно да дојде до трајно примирје“, додаде Фабиус.Во меѓувреме агенциите јавуваат дека палестинските бегалци кои побегнаа пред израелската офанзива во Газа, излегле од засолништата која во саботата во 7 часот по локално време започна примирјето, наидувајќи на разурнати домови и животни кои талкаат по улиците. Бројот на жртвите на 19-дневниот суди се зголемува, а палестинските медицински служби соопштија во саботата напладне дека од под урнатините извлекле 61 тело во порганичните области на Појасот Газа. Така повеќе од 926 Палестинци ги загубија животите а околу шест илјади се ранети од почетокот на израелската офанзива на 8-ми јули, а повеќето од нив се цивили меѓу кои и стотина деца. На израелската страна има 39 жртви, од кои тројца се цивили кои ги загубија животите во ракетирањата на Хамас на јужните делови на Израел, од кои еден е работник од Тајланд./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија14 часа

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија16 часа

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија17 часа

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија17 часа

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет18 часа

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет18 часа

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија18 часа

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија1 ден

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион1 ден

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија1 ден

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ1 ден

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Популарно1 ден

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето на плејофот за Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешната ждрепка во Цирих...

Македонија1 ден

Возачите на автобусот што изгоре не биле вработени во „Беса транс“

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре не бил вработен во компанијата. Еден од...

Македонија1 ден

Автобусот бил технички исправен, годинава 113 пати ја поминал државната граница

Автобусот на „Беса транс“ минатата година во 22 случаја остварил влез – излез од државата, додека, пак, во 2021 година...

Македонија1 ден

(Видео) Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат донесени првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија. Тие прво ќе бидат сместени на...

Македонија2 дена

19 починати и 434 новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.026 тестирања,...

Македонија2 дена

Изгорениот автобус бил произведен 2007 година

Автобусот на компанијата „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија и однесе 45 животи, бил стар 14 години. Од македонското МВР...

Македонија2 дена

Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија

При дополнителен преглед на изгорениот македонски автобус што се запали на автопатот „Струма“ пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската...

Досие