Контакт

Вести

Сенатот не ги усвои предлозите за контрола на оружјето во САД

Објавено пред

Американскиот Сенат не усвои ниеден од четирите законски предлози за зајакнување на контролата на продажбата на огненото оружје, и покрај повиците за итна акција по најмасовното убиство со огнено оружје во поновата американска историја од 12-ти јуни во Орландо. 

dobivaj vesti na viber

За секој од четирите предложени амандмани беа потребни 60 гласови во Сенатот, кој е мнозински републикански, а брои 100 пратеници. Притоа, два од четирите амандмани кои ги предложија самите републиканци, не минаа за само за седум гласови.

Предлозите беа поднесени набрзо по трагедијата во Орландо каде 29-годишниот Американец со авганистанско потекло Омар Матин уби во ноќен геј клуб во овој град 49 луѓе вооружен со полуавтоматска пушка „AR15“ и пиштол, кои ги купил претходно сосема легално со лиценца за поседување и носење оружје како службеник на агенција за обезбедување. Во текот на заложничката криза, според објавените документи, тој во телефонски разговор со оператерите на службата за итни случаи изјавил дека е следбеник на екстремната сунитска организација Исламска држава.

Иако овој инцидент предизвика брза реакција на властите, републиканците и демократите не можеа да постигнат консензус за обемот на какви и да се нови ограничувања во продажбата на огненото оружје.

Предложените измени, и од страна на републиканците и од страна на демократите, особено се однесуваа на зголемувањето на финансиите за проверки на оние кои сакаат да купат оружје, воведување на тридневниот рок во кој Федералното биро за истраги (FBI) ќе ги проверува дали купувачите се осомничени за врски со тероризмот, или на кои им е забраното да управуваат со воздухоплови, како и ограничување на продажбата преку интернет.

Еден од амандманите се однесуваше и на затворањето на „дупките“ во законот, кои овозможуваат купување оружје на саеми, без претходна проверка дали лицата се наоѓаат на американската листа сомнителни лица наклонети кон тероризам.

Републиканскиот амандман, прв од страна на Републиканската партија кои се однесува на какво и да е ограничување на продажбата на оружје, бараше на безбедносните служби да им се овозможи блокирање на продажбата на огнено оружје поради причини од национална безбедност, но демократите со дебатата од дури пет часа го одолговлекуваа донесувањето на одлуката, тврдејќи дека републиканскиот предлог не понудил ништо особено.

Демократите на седницата на сенатот заговараа построга регулација по прашањето на оружјето, но републиканците, како и секогаш досега тоа го нарекоа неуставно барање.

„Секогаш кога имате намера на американските граѓани да им го негирате нивното уставно прави, тоа мора да оди докази, товарот мора да биде на владата и мора да дојде од судот“, изјави Џон Корнин од државата Тексас, кого го цитира агенцијата DPA.,

Администрацијата на актуелниот претседател Барак Обама неколкупати се обиде да ги поостри прописите во САД за продажба на оружјето, но секогаш Конгресот, кој го контролираат републиканците, одбиваше да ги изгласа соодветните закони, кои се однесуваат на уставното право на американските граѓани. Агенцијата Associated Press потсетува дека последните мерки за засилена контрола на купувачите на оружјето е усвоена уште во 2007 година.

Иако слични предлози не минаа и по масакрот во основното училиште во Њутаун во Конектикат кон крајот на 2012 година, како ниту по пукањето во масовното убиство во Сан Бернардино во Калифорнија ланскиот ноември, некои сенатори се упорни дека политиките околу контролата на оружјето мора да се менуваат, како и дека националната безбедност станува сé поважен дел од таа дебата.

Анкетата на Reuters и Ipsos, спроведена минатата седмица, покажува дека 71 отсто од Американците поддржуваат барем умерени регулации и рестрикции на продажбата на оружјето, што е раст за околу 60 отсто отколку кон крајот на 2013 и 2014 година. Во САД кај граѓаните има повеќе од 310 милиони парчиња оружје, што е околу едно парче огнено оружје по жител./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Фото) Откриени повеќе обиди за криумчарење: запленети фотоапарати, М-ТАГ апарати, цигари, дрога, автоделови, облека и фалсификувана стока

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока,...

Македонија1 час

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија2 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејствија, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија2 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија2 часа

Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион3 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа4 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион4 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет5 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион5 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките се драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија16 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија18 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион18 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија18 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија20 часа

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија23 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...

Македонија23 часа

Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична...