Контакт

Вести

Шест мртви во пад на два американски воени хеликоптерa

Објавено пред

Четири членови на екипажот на воен хеликоптер загинале при уривање на леталото во базата Форт Худ во сојузната држава Тексас, а уште двајца американски воени пилоти загинаа во пад на нивниот хеликоптер во планинските предели на Јужна Кореја, соопштија во вторникот властите.

dobivaj vesti na viber

Несреќата во воената база во Форт Худ, 320 километри северозападно од Хјустон, се случила во понеделникот во 17.50 часот по локално време се наведува во извештајот на телевизиската мрежа NBC кое се повикува на соопштение на американската војска.

Според медиумските извештаи, хеликоптерот до типот „UN-60“ бил на редовна вежба. Армијата соопшти дека е отворена истрага за утврдување на причините на падот.

Истовремено портпаролот на американските сили стационирани во Јужна Кореја, објави дека во понеделникот ноќта по локално време воен хеликоптер од типот „ AH-64 Apache“ се урнал во градот Вонџу, 70 километри југоисточно од Сеул.

Јужнокорејската новинска агенција Yonhap известува сека хеликоптерот најверојатно полетал од американската воена ваза ка Пјеонгтаек, јужно од Сеул, како и дека властите веруваат дека причина за падот е удар во високонапонски далноводи за електрична енергија.

Несреќата не предизвикала дополнителни жртви на земјата, иако хеликоптерот се урнал на магистрален пат, соопштија локалните власти.

САД имаат распоредено повеќе до 28.000 војници во Јужна Кореја, кои останаа во земјата по Корејската војна од 1950 до 1953 година, којашто технички не е завршен, бидејќи меѓу Сеул и Пјонгјанг е потпишан договор за примирје, а не мировен договор./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети

Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен...

Македонија1 час

Филипче да одговори дали има удел во бизнисот на Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да...

Свет1 час

Руски активист и критичар на Путин осуден на шест години затвор

Руски суд вчера го осуди Сергеј Удалцов, истакнат провоен активист и критичар на Владимир Путин, на шест години затвор за...

Свет1 час

Полска пресретна руски авион над Балтикот, воздушниот простор е нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион што леташе близу до нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и...

Свет3 часа

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија4 часа

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија17 часа

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија21 час

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ21 час

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија22 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија22 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија22 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ23 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија1 ден

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија1 ден

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет1 ден

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет1 ден

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...