Контакт

Вести

Северна Кореја тестираше проектили со краток дострел

Објавено пред

Северна Кореја во четврток истрела проектили со краток дострел во водите пред својот источен брег, неколку часа откако беше усвоена резолуцијата со која значително се заоструваат санкциите против Пјонгјанг, објави јужнокорејското министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Шест проектили со дострел од 100 до 150 километри беа истрелани во Јапонското море ноќта кон четврток.Портпаролот Мун Санг-гуин вели дека министерството сѐ уште се обидува да утврди каков вид на проектили се истрелани.„Јужна Кореја го надгледува секој следен чекор што би можел да го направи Северот“, додаде портпаролот.Советот за безбедност на ОН во среда едногласно усвои резолуција со која значително се прошируваат постоечките санкции против Северна Кореја, како одговор на нејзината нуклеарна проба изведена на 6 јануари.Новите санкции предвидуваат проверка на сиот товар што оди кон Северна Кореја или доаѓа од ова земја, а севернокорејските трговски претставници во Сирија, Иран и Виетнам се меѓу 16 поединци додадени на црната листа на ОН, заедно со 12 севернокорејски економски субјекти. /крај/хн/ст

Извор: Hina

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија2 часа

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет6 часа

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион6 часа

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија7 часа

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија8 часа

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија8 часа

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија9 часа

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет11 часа

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија11 часа

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет12 часа

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија12 часа

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет13 часа

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ23 часа

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ24 часа

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет1 ден

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија1 ден

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија1 ден

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија1 ден

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...