Контакт

Вести

Синодот во Ватикан заврши без консензус за разведените и хомосексуалците

Објавено пред

Бискупската синода (собрание на бискупите од целиот свет) за семејството на Римокатоличката црква која ја свика папата Франциск во саботата доцна вечерта го усвои завршниот документ, но без консензус за ставот на католичката црква кон разведените и хомосексуалците, соопшти портпаролот на Светата столица, монсињор Федерико Ломбарди..

dobivaj vesti na viber

Извештајот под насловот „relatio synodi“ наведува цела листа од разни проблеми со коишто се среќаваат католичките семејства на петте континенти, меѓу кои се и прифаќање во прегратките на Црква на вонбрачните заедници, хомосексуалците и разведените, во рамките на процесот на отворањето на католичката црква коешто го заговара папата Франциск, но кое наидува на отпор од конзервативните струи во Ватикан.На гласањето за секој од 62-та параграфа учествуваа 183 бискупи и кардинали, а за усвојувањето на секој поединечен параграф потребно е двотретинско мнозинство. Таква поддршка не добиле точките кои се однесуваа на пристапот до светите тајни на разведените кои повторно се венчале, односно прифаќањето на хомосексуалците.„За тие прашања на синодот немаше консензус. Но тоа не значи дека тие точки целосно се отфрлени“, изјави Ломбарди, пренесува AFP.Во однос на нацрт документот кој беше објавен во понеделникот, кој беше поздравен поради својата отвореноста, но од истата причина и критикуван, бискупите и кардиналите расправаа за 470 амандмани.Двата параграфа од конечниот текст на документот кои не добиле двотретинско мнозинство се однесуваат на лица за статусот на разведените па повторно венчаните кои покажува поделба на учесниците на синодот кои сакаат да ја задржат „постојната дисциплина“ и оние кои заговараат ограничен пристап до светите тајни за ваквите лица. Третиот параграф зборува за „пасторалната грижа“ за хомосексуалците. Во него пишува дека „тие жени и мажи треба да се прифатат со почитување и обѕирност“, како и дека „не смеат да бидат жртви на никаква дискриминација“. Меѓутоа, во завршниот документ се истакнува дека „нема никаква основа за споредба на хомосексуалните заедници со Божјиот план за бракот и семејството“, односно за хетеросексуалните бракови.Кардиналот Кристиф Шоенборн, надбискуп на Виена, пред новинарите ги резимираше промените кои се случиле последните шест дена, оценувајќи дека „завршниот документ е повоздржан“ во однос на предлогот на завршната порака од понеделникот. Особено тоа се однесува на прашањето на истополовите двојки на кое најмногу се противеле бискупите „од земјите со различни култури“, првенствено од Африка.„Не треба да се заборави дека бискупите доаѓаат од културно многу различни заедници, каде што има и други вери, на пример исламот, кои преовладуваат и каде што тоа се многу чувствителни теми“, рекол Шоенборн. Но, како што истакнал, „во завршниот документ јасно стои дека не смее да има никаква дискриминација на хомосексуалците: тоа е пораката испратена на земјите во кои постои заканата од смртна казна за хомосексуалци“ (какви што има во некои африкански земји).Експертот за Ватикан, Јакопо Скарамуци, пред усвојувањето на завршниот документ за италијанските медиуми изјави дека „некои стравуваат дека отворањето на Црквата (кон оние кои живеат надвор од нејзините прописи) би можело да ја урне зградата на католичката доктрина, а до друга страна би можеле да се разочараат оние коишто очекуваат преголеми новини“.Папата Франциск на 14-ти септември во Рим венчаше дваесет двојки меѓу кои некои од нив веќе претходно живееле во вонбрачна заедница. Со тоа испрати јасна порака дека сака отворање на Црквата кон верниците со таквиот статус и дека е подготвен да ги прифати католиците кои не ги следат сите доктрини. Кога минатата година го прашаа за можните промени во третманот на разведените, Папата одговори дека „време е за милосрдност“.Бискупите во завршниот документ упатија и апел до институциите да ги промовираат правата на семејството, бидејќи „семејната љубов, единствена и нераскинлива, која истрајува и покрај бројните тешкотии, е едно од најубавите чуда“.Меѓу другите предизвици за Католичката црква, во документот се спомената и инвалидитетот кај децата, болестите, староста, починувањето на драга личност, финансиските тешкотии предизвикани од изопачените системи обожувањето на парите кои го понижуваат достоинството на личноста.Во текстот на завршниот документ усвоен од бискупите се зборува и за невработените родители кои не можат да гои осигурат најосновните потреби на семејството , како и за младите кои можат да станат жртви на дрогата и криминалот. „Сенките се надвиваат и над сиромашните семејства, побегнатите, прогонетите поради верата, погодените со војна и со свирепо искористување, над жените жртви на насилството и трговијата со луѓе, над децата жртви на злоставувањата, дури и од страна на оние коишто би требало да ги штитат“, се наведува во завршната порака на вонредниот синод посветен на семејството./крај/мф/сн

Извор: AFP/Ansa



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија4 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија5 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија7 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион8 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија8 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија8 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија9 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет11 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа12 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет13 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа13 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет13 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет13 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија14 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...