Вести
Сирија: Изолирани случаи на нарушувањето на прекинот на огнот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/hama.jpg)
Најмалку две лица се убиени во експлозија на автомобил бомба во сириската покраина Хама, а три бунтовнички борци се убиени во покраината Латакија во саботата утрото, првиот ден откако на сила е прекинот на огнот, кој започна во петокот вечерта во 23 часот, а групата за надзор на прекинот на огнот ќе проценува како се почитува тоа, најави специјалниот известувач на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура и предложи мировните преговори да се одржат на 7-ми март.
Експлозијата на автомобилот бомба во покраината Хама се случила само неколку часа откако на сила стапи договорот за запирање на непријателствата, во рамките на руско-американскиот план, соопшти сириската државна телевизија,
Сириска бунтовничка група во северозападниот дел од земјата објави дека била цел на напад на владините сили во саботата утрото и ги обвини за кршење на примирјето. Тројца припадници на бунтовничката Прва крајбрежна дивизија убиени се отфрлајќи напад во областа недалеку од турската граница во покраината Латакија, изјавил портпаролот на групата Фади Ахмад за Reuters. Првата крајбрежна дивизија е дел од сојузот на бунтовничките сили позната како Слободна сириска армија (FAS или SLA).
„Тоа претставува кршење на договорот“, изјавил Ахмад, Според него тоа бил копнен напад без воздушна поддршка на владините сили. „Во моментов владините сили го прекинаа нападот“, додал.
Агенциите јавуваат дека мирот завладеал на подрачјата на главниот град Дамаск и на Алепо, најголемиот град и поранешна финансиска престолнина на Сирија кој 40 отсто е во рацете на бунтовниците. Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон наведува дека рускаа авијација, којашто ги помага силите на владата на претседателот Башар ал-Асад, од полноќ не извела ниеден напад. Мирот завладеал и во покраините Хама и Хомс, го цитира AFP соопштението на организацијата.
Специјалниот известувач на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, најави ноќта кон саботата дека следните мировни преговори за Сирија би требало да започнат на 7-ми март во Женева, пренесе Reuters. На конференцијата одржана во Женева откако со видео врска на Советот за безбедност на ОН во Њујорк му ги најави мировните преговори за март, Мистура изјави дека прекинот на огнот го надгледуваат центри во САД, Русија и во Женева.
Првиот состанок на групата на надзор на прекинот на огнот во Сирија беше одржан во петокот во Женева, само неколку часа пред да стапи на сила договорот за прекинот на непријателствата на кој се обврзаа сириската влада и стотиците бунтовнички групи.
Со прекинот на огнот не се опфатени, ниту со него се согласија, екстремните сунитски групации Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда. Водачот на ан-Нусра најави нови напади.
Преговорите меѓу владата во Дамаск и опозициските сунитски вооружени групи беа откажани на почетокот на февруари поради тоа што бунтовниците одбиваа да преговараат по големите загуби на територии во силната офанзива на владините сили со поддршка на руските воздушни удари.
Советот за безбедност на ОН во петокот едногласно ги повика сите страни вклучени во петгодишниот граѓански конфликт во Сирија да ги почитуваат условите од американско-рускиот договор за прекин на огнот. Тоа барање е ставено во резолуција која заеднички ја изработија Русија и САД и со која се повикуваат владата и опозицијата на мировни преговори под покровителство на ОН./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.