Контакт

Вести

Сирискиот органок на Ал Каеда се заканува со одмазда ширум светот

Објавено пред

Фронтот (Џебхат) ал-Нусра, сирискиот огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, најави во неделата контраудар „низ целиот свет“ врз земјите на антиџихадистичката меѓународна коалиција предводена од САД којашто ги засили своите воздушни напади врз позициите на радикалните групации во прв ред Исламската држава во Ирак и во Сирија.

dobivaj vesti na viber

Во најновите воздушни удари кои во саботата ги извеле воздухопловните сили на САД, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, гаѓани биле седум цели во Сирија и три во Ирак, соопшти американската воздухопловна команда за Блискиот исток и средна Азија (Centcom).Во видеоснимката што Фронтот ал-Нусра ја објави на интернет во неделата, оваа радикална групација составена од странски борци меѓу кои стотици од земјите од Балканот, операцијата на коалицијата предводена од Вашингтон ја нарекува „војна против исламот“ и ја осуди „оската на злото“ под водство на „земјата на каубоите“.„Тие држави сторија страшен чин со кој ќе се стават на листата цели на џихадистите ширум светот. Учествуваме во долготрајна војна која може да трае со десетици години“, порача на снимката портпаролот на Фронтот ал-Нусра, Абу Фирас ал-Сури, пренесе AFP.САД во август започнаа со воздушни удари врз позициите на џихадистите од Исламската држава на ирачка територија. Оваа група којашто се издвои од Ал Каеда и стана најреспектабилната радикална сунитска исламистичка сила која се појави на сириското боиште минатата 2013 година во борбата заедно со сунитската вооружена опозиција којашто ја поддржува Западот против силите на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската (шиитска) заедница, а од јуни годинава кога освои значителни територии и во соседен Ирак прогласи калифат. Исламската држава е обвинета дека на териториите кои и контролира извршува масовни свирепи егзекуции а во меѓувреме пред камерите обезглави двајца американски новинари и еден британски хуманитарен активист како одмазда за нападите врз нејзините борци.Од минатата седмица коалицијата ги прошири своите воздушни напади и врз територијата на Сирија. САД во вторникот објавија дека ги „ликвидирал“ припадниците на Хорасан, помала исламистичка групација блиска на Ал Каеда, којашто подготвувала, како што тврди Вашингтон, „големи напади“ во САД и во Европа.Пентагон смета дека Хорасан е поврзана со Фронтот ал-Нусра. Меѓутоа, милитантите и Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) која е на страна на сириската сунитска опозиција, сметаат дека цел на нападот е само Фронтот ал-Нусра, кој на сириското боиште се појави во 2012 година и во почетокот изведуваше операции заедно со опозициска Сириска слободна армија (FSA) против владините сили на Дамаск.Велика Британија во петокот донесе конечна одлука да се приклучи на коалицијата против џихадистите во воздушните операции во Ирак, коишто досега ги изведуваа само САД и Франција. Данска и Белгија, исто така, одлучија да учествуваат во нападите во Ирак, испраќајќи борбени авиони од типот „F-16“. Повеќе земји, во прв ред Русија, но и Словенија како членка на НАТО и ЕУ која е ставена на списокот од 50-ина земји кои учествуваат во коалицијата предводена од САД, сметаат дека воздушните удари, особено во Сирија мора да бидат одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации.Рускиот министер за надворешни работи во саботата од говорницата на 69-то генерално собрание на ОН предупреди дека воздушните удари на сириска територија се незаконски без одобрување на Советот за безбедност и оти мора да се вршат и во координација со власта во Дамаск и истовремено го осуди американскиот воен интервенционизам во светот.„Военото мешање стана правило и покрај слабите резултати на воените операции кои САД ги водеа последната деценија“, истакна Лавров споменувајќи ги во прв ред интервенциите во Ирак, во Либија и во Авганистан./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет5 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет6 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија8 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија9 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет10 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет11 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет12 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет12 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет13 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет16 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија18 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет20 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет21 час

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...