Контакт

Вести

Сириските бунтовници тврдат дека тие биле цел на руските напади – ВИДЕО

Објавено пред

Наместо позициите на џихадистичката Исламска држава, руските бомбардери во средата во Сирија ги гаѓале позициите на вооружената сунитска опозиција која ја поддржува Западот и биле ранети осум од нив, тврди нивни командант., додека Москва соопшти дека уништила командни центри на екстремистите.
 

dobivaj vesti na viber

Наместо позициите на џихадистичката Исламска држава, руските бомбардери во средата во Сирија ги гаѓале позициите на вооружената сунитска опозиција која ја поддржува Западот и биле ранети осум од нив, тврди нивни командант., додека Москва соопшти дека уништила командни центри на екстремистите.

 

Мајорот Џамил ал-Салех, долгогодишен пребег од сириската регуларна армија во Слободната сириска армија (FSA), опозициска формација којашто војува против силите на претседателот Башар ал-Асад а ја опремуваат западните и сунитските земји во регионот, изјавил дека неговиот луѓе претрпеле руски напад во северната покраина Хама.

„Во Хама ја нема Исламската држава и таа е потполно под контрола на Слободната сириска армија“, рекол ал-Салех за Reuters.

Неговото тврдење не може да се провери од независни извори. Москва на ја коментираше оваа изјава, откако објави дека во средата руските борбени авиони во координација со сириските во средата извршиле 20 борбени летови и напади врз позиции на Исламската држава во покраината Хомс.

Руските борбени летала нанеле прецизни удари врз осум објекти на терористичката група Исламска држава на територијата во Сирија и целосно уништија командни пунктови во планинските области, изјави во средата вечерта, портпаролот на министерството за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенко.

„Во воздушните удари беа погодени магацини со муниција, оружје и гориво, како и воена опрема. Командни места на лидерите на борците на Исламската држава во планинските овласти целосно се уништени“, изјавил Коношенко, пренесе агенцијата РИА.

Истакнал дека „сите напади се извршени по спроведено воздушно разузнавање и потврдување на податоците добиени од штабот на сириската армија“. „Врз објекти на цивилната инфраструктура и во нивна близина руските воздухоплови не дејствуваат“, рекол портпаролот на руското министерство за одбрана кое објави видео од споменатите напади.

Во меѓувреме САД и Франција изразија дека се зголемила нивната загриженост поради руските воени операции во Сирија. Заменикот на американскиот министер за одбрана Роберт Ворк не верува „дека станува збор за грешка“, туку верува „дека тоа е агресивна акција на Русија токму сега пред разговорите на нашите воени функционери“.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колеги Барак Обама се согласија во понеделникот дека нивните воени функционери ќе разговараат за решението на судирот во Сирија.

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледриан смета „чудно“ што руските воздушни удари не ја погодиле Исламската држава, а висок функционер кој не сакал да остане неименуван за AFP рекол дека „Не ја гаѓаа Исламсктата држава, туку опозициските групи, а што потврдува дека нападите се повеќе поддршка за режимот на (сирискиот претседател Башар) ал –Асад. Отколку борбата против Исламската држава“,

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да „отвори комуникациски канали“ со коалицијата којашто ја водат САД. Русија го свика 15-члениот Совет за безбедност по ОН да одобри меѓународна воена интервенција против џихадистите.

Нацрт руската резолуција во која агенцијата Reuters имала увид, ги поздравува напорите на државите во борбата против Исламсата држава, Ал Каеда, Џенхат ан-Нусра и другите радикални групации на Блискиот исток и ги повикува државите „да ги координираат своите активности со согласност на државите и териториите на коишто се одвиваат тие активности“. Во случајот на Сирија, тоа би значело дека треба да се координираат активностите на владата на претседателот Башар ал-Асад коешто заминување од власта го бара Западот.

Коалицијата предводена од САД ги започна воздушните удари врз Исламската држава пред една годни, но за тоа не бараше дозвола ниту од Советот за безбедност на ОН, ниту од Сирија, ниту ги координираат со нејзината армија своите напади. Тие велат дека дејствуваат „во самоодбрана“ и на барање на Ирак. Русија, пак, дејствува по барање на Сирија која ја побара воената помош од својот децениски сојузник./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет2 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет5 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет6 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет6 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет6 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет7 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет7 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија8 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет8 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет8 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет11 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија12 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет12 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет17 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет18 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија19 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет19 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет20 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет21 час

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...