Контакт

Вести

Сириските Курди прогласија федерален регион

Објавено пред

Сириските Курди објавија во четвртокот воспоставување федерален регион на областите коишто ги контролираат во северна Сирија, што веднаш го отфрли владата во Дамаск како и сириската сунитска вооружена опозиција, а реагира и Вашингтон и Москва.

dobivaj vesti na viber

„Федералниот систем е одобрен за регионот Рожава (сириски Курдистан) – Северна Сирија“, изјавил за AFP Сиханоук Дибо, функционер на Партијата на демократската унија (PYD), главната курдска партија во Сирија, по состанокот во Румејла во североисточна Сирија.

„Го даваме својот благослов на проектот на федералниот систем на Рожава – Северна Сирија“, додал Алдар Џелил, член на основачкиот одбор. Советот кој ќе ги дефинира границите на овој регион и карактерот на системот ќе бидат формирани во текот на денот, додале овие функционери.

За прогласувањето на федерацијата во сирискиот град Румејла, во покраината Хасака, се собрале околу 200 делегати од целиот север на Сирија. Тие го претставуваат сириски Курдситан, како и арапските, асирските, чеченските, чекреские, туркменските и ерменските заедници, во градовите Алепо, Ал-Шанбе и други. Обединувањето на трите курдски „кантони“ – Африн, Кобане и Џазире“, во регионот кој неодамна го освоија курдските сили на северот од Сирија, ќе биде уште еден чекор кон самоопределувањето на сириските Курди.

Меѓутоа, Курдите истакнуваат дека нивниот проект се заснова „на територијална, а не на етничка“ основа. Се очекува дека формирањето на унија на различните еднички заедници, ќе доведе до обединување на нивните милиции во заеднички фронт против екстремните сунитски групации Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, којашто остана поврзана со Ал Каеда.

Учесниците на конференцијата прогласија создавање „демократски систем Рожава и северна Сирија“. Претставникот на партијата PYD во Москва за агенцијата РИА рекол дека географските граници на регионот не се определени, но потврдил дека во неговиот состав влегуваат три курдски кантона и неколку соседни регион.

„Меѓутоа, границите може и да не бидат определени, ние немаме намера да се отцепиме од Сирија. Главно во овој систем е системот на управувањето. Федеративниот систем е најдобро прилагодлив за Сирија. Има многу примери за тоа, како Русија и Германија. Тоа е алтернативата, како и за поранешната диктатура, така и за граѓансакта војна“, изјавил соговорникот на агенцијата.

„Федерализацијата на Курдите може да стане модел за иднината на Сирија“, вели за РИА Сенам Мохамед претставник за Европа на самоуправата на Курдите во северна Сирија. Според неа, оваа одлука е донесена како еден од начините за излез од кризата во Сирија и не насочена против Сиријците. Сенам претпоставува дека односите меѓу новата структура со центарот и си другите региони може да бидат определени во согласност со уставот.

Кусо по објавувањето на информацијата извори од сириското министерство за одбрана во Дамаск „ги предупредува сите страни кои имаат намера да ѝ нанесат удар на територијалната севкупност и на сирискиот народ, под кој и да е изговор, вклучително и оној од Румејла. „Секој проглас во таа смила нема да има никаква прван вредност и никаков правен, политички, општествен или економски ефект сé додека не ја уважува волјата на целиот сириски народ од сите политички ориентации“, рекол изворот за сириската државна агенција SANA.

Опозициската коалиција го осуди, исто така, во соопштението „секој обид за формирање ентитет, регион или администрација која ја узурпира волјата на сирискиот народ“. „Прекинот на опресијата на некој поединец или група за време на кланот Асад не мое да се спроведе со еднострани проекти. Устројството на сириската држава, единствена или федерална, не е во надлежноста на само една фракција, еден дел од општеството, една партија или движење, туку за тоа ќе се одлучува по преговорите (…) со нов устав и потоа со референдум. Коалицијата нема да прифати какво и да е проект надвор од таа рамка“, се наведува во соопштението на опозицијата што го цитира Reuters.

Создавањето на курдскиот федеративниот регион во Сирија го поддржа, пак, Курдската алијанса на Ирак. „Курдите во Сирија во минатото претрпеа многу, и тие очекуваат подобра иднина“, изјави претставникот на ирачките Курди, Саади Пира. Тој повика да биде почитувана и поддржана таквата одлука.

Москва, која е сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, ја проследи објавата на сириските Курди дека не смета дека е можно еднострано да се одлучува за формата на државното уредување на Сирија.

„Сметаме дека изјавите кои излегуваат надвор од рамките на преговарачкиот процес и меѓусирискиот дијалог едноставно немаат никаква смисла“, изјави за медиумите специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот исток и Африка, заменикот на министерот за надворешни работи Михаил Богданов, истовремено признавајќи дека „тоа не е наша работа“.

Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, пак, внатрешното уредување на Сирија е внатрешно сириско прашање, и тоа мора да се решава во текот на измените на уставот, меѓу претставниците на официјален Дамаск и опозицијата на преговарачката маса.

САД и претходно во средата предупредија дека нема да признаат прогласување на автономен курдски регион во Сирија, на што се спротивставува и нивниот регионален сојузник Турција, а и двете ги поддржуваат вооружените сунитски групации кои ги сметаат за умерени.

„Вашингтон изразува приврзаност на единството и територијалната целост на Сирија. Прашањето на сириските Курди треба да биде покренато од граѓаните на земјата во текот на политичката транзиција“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Од своја страна, неименувани американски воени личности изјавија дека одлуката на Курдите нема да влијае врз операциите на САД против џихадистичката терористичка група Исламска држава./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет42 минути

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет1 час

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа1 час

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет2 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет2 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет13 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија14 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија14 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија15 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ19 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија20 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ20 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија21 час

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија21 час

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија22 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија23 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет24 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа1 ден

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...