Вести
Сириските Курди се пробија подлабоко во територијата на IS

Сириските Курди се пробиле во понеделникот подлабоко на територијата коишто ја држат џихадистите од Исламската држава (IS), откако минатата седмица неочекувано брзо ослободија еден граничен премин.
Курдите, коишто ги искористија американските воздушни напади, се приближија на седум километри од Аин Иса, град со 50 километри северно од Рака, во истоимената сириска покраина, кој џихадистите го прогласија за главен град на нивниот калифат воспоставен на територијата којашто ја контролира Исламската држава во Сирија и соседен Ирак, изјави Редур Џелил, портпарол на курдските сили за Reuters.
Курдскиот фронт во северна Сирија е меѓу ретките позитивни елементи на глобалната против Исламската држава, откако џихадистите во мај остварија големи победи во западен Ирак и централна Сирија. Курдите мината седмица го заземаа пограничниот град Тел Абијад, пресекувајќи го снабдувањето на Исламската држава преку рутата од Турција.
Во моментов Курдите водат борби против Исламската држава на приодот од војната база југозападна Аин Иса, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон, кој се потпира на информации добиени од неговите активисти на теренот. Исламската држава ја држи таа база „Ливу 93“ од минатата 2014 година. Доколку ја заземат Курдите, тоа би значело и дефинитивно паѓање на Аин Иса. Од градот последните два дена побегнале илјадници луѓе.
Некои од бегалците од Тел Абијад ги обвинуваат Курдите дека ги протеруваат Арапите и Туркмените од териториите коишто ќе ги заземат од Исламската држава, што Курдите го негираат. SOHR тврди дека нема докази дека Курдите систематски го злоставуваат населението, иако има регистрирани поединечни случаи.
Повеќе од 23.000 луѓе побегнаа во текот на јуни од северна Сирија во Турција, Некои веќе во понеделник се вратиле во Тел Абијад, откако граничниот премин е повторно отворен, а борбите се поместија понатака.
Напредувањето на Курдите на северот од Сирија го загрижува властите во Турција, кои стравуваат дека тоа може да ги поттикне немирите и кај турските Курди. Сириските Курди тврдат дека не сакаат сопствена држава, туку регионална автономија, како и нивните сонародници во северен Ирак, којашто ја сметаат за модел за решавање на војната во Сирија и во другите региони.
Владата во Дамаск, исто така, стравува од напредувањето и евентуалното отцепување на Курдите, бидејќи просторите кои ги контролираат се богати со енергенси. Меѓутоа од избувнувањето на судирите од март 2011 година немаше директни судири меѓу Курдите и силите на алавитот (шиит) претседателот Башар ал-Асад, кој ја има поддршката од шиитите, христијаните, Друзите и одредени групи сунити, а сириските гарнизони на курдските области беа пасивни а подоцна се повлекоа без борби.
Тензиите неодамна избувнаа во Камишли, североисточниот град кој е поделен меѓу курдските и владините сили. Курдските сили заземаа неколку владини позиции минатата седмица по судирите за коишто меѓусебно се обвинуваат двете страни. Сириските функционери не сакаа да ги коментираат случувањата, но се сомневаат дека Курдите имаат сепаратистички намери. „Воопшто, Курдите и ние сме пријатели, но нема постојана хармонија“, рекол неименуван сириски функционер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.