Контакт

Вести

Сиси: Референдум за независност на Курдите би бил катастрофа

Објавено пред

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави во неделата дека референдумот за независност на ирачки Курдистан би довел до катастрофален распад на земјата којашто веќе е соочена со силна офанзива на сунитските исламистички милитанти.

Ваквата оцена на челникот на најголемата арапска држава укажува на сѐ поголемата загриженоста во регионот дека поделбата на Ирак би ги охрабрила џихадистичките бунтовници кои прогласија калифат на заземените области во Ирак и во соседна Сирија, но и во другите арапски земји, како Египет, Тунис, Либија, Јордан…, каде што по соборувањето на децениските авторитарни режими јакнат радикалните исламистички групации.„Референдумот којшто го бараат Курдите во стварноста претставува почеток на катастрофалната поделба на Ирак во мали сопернички земји“, оценил претседателот Сиси на средбата со новинари во Каиро, пренесе египетската новинска агенција Mena.Претседателот на автономниот регион ирачки Курдистан, Масуд Барзани побара во четвртокот да се извршат подготовки за организирање референдум за независност, што покрај територијалните успеси на џихадистите од Исламската држава, претставува најголемата закана за опстанувањето на Ирак./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион59 минути

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет3 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион5 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија7 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија7 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија8 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија8 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија9 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија10 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет11 час

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ11 час

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ11 час

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион12 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија12 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет13 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија14 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија15 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија15 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија1 ден

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија1 ден

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Досие