Вести
Слетувањето на кинескиот авион на вештачкиот остров ги јакне тензиите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/spartlys.jpg)
Првото слетување на кинески авиони на една од нејзините нови островски писти во Јужното Кинеско Море покажува дека кинеските објекти во спорниот регион се привршуваат според распоредот, како и дека неизбежно следуваат и воени летови, оценуваат аналитичарите.
Засилената воена присутност на Кина во тој дел Јужното Кинеско Море може да доведе до зона за воздушна запрана под контрола на Пекинг, сметаат американски функционери, со што би се зголемиле тензиите со другите земји кои полагаат право на таа област и со САД, кои се сојузник на овие земји и е доминантен во една од најчувствителните области.
Функционери на кинеското министерство за надворешни работи потврдиле дека во саботата по пробниот лет, цивилен авион слетал на вештачкиот остров изграден во архипелагот Спратли, или Нанша на кинески јазик, што е првпат Пекинг да искористи писта на вештачките гребени кои ги гради во оваа област.
Виетнам веднаш вложи официјален дипломатски протест, а портпаролот на министерство за надворешни работи на Филипини, Чарлс Хозе, изјави дека Манила има намера да го стори истото. „Стравуваме дека Кина може да ја преземе контролата на Јужното Кинеско Море, што ќе влијае врз слободата на пловидбата и слободата на прелетувањата“, изјави Хозе за медиумите.
Кина гради писти на вештачките острови од пред повеќе од една година, и слетувањето на авионот не претставуваше изненадување, иако е речиси сигурно дека ќе доведе до зголемување на тензиите. Пистата „Фјери Крос Рифу“ е долга 3.000 метри и една од трите кои Кина ги гради на вештачките острови изградени на седумте гребени и атоли во споменатиот архипелаг.
Кина полага право на богатствата во Јужното Кинеско Море, како што тоа го прават и Виетнам, Филипини, Малезија, Тајван и Бруние, а вредноста на поморската трговија остварена на годишно ниво во оваа област достигнува пет билиони американски долари. Кинеското присвојување на делови од Јужното Кинеско Море предизвика тензии во регионот, а САД чии сојузници се споменатите земји, испратија на почетокот од ноември воен брод кој се приближи на само 12 наутички милји на едно од вештачките острови кои ги гради Кина во спорниот архипелаг./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.