Вести
Сомалиските милитанти каменуваа жена

Сомалиските милитанти од џихадистичката група во јужниот град Бараве до смрт каменувале жена кој нивниот суд ја прогласил виновна за прељуба,
Групата блиска на глобаланта терористичка мрежа Ал Каеда пред неколку години започна бунт за заемање на територии во Сомалија во на која ќе го воведат сопственото строго толкување на шеријатскиот право. Откако минатата година на сомалиската влада која го контролираше само делумно главниот град Могадишу на помош ѝ пристигнаа силите на Африканската унија, ал-Шабаб беше принудена да ги напушти многуте области во источниот дел од Сомалија и со целата сила да го демонстрира својот авторитет на областите кои во моментов ги држи под контрола.Стотици луѓе се собрале да го следат погубувањето со каменување на Сафија Ахмед Џамила. Откако 33-годишната мајка на неколку деца, според традицијата, била закопана во земја до рамената, маскирани членови на ал-Шабаб и локални мажи немилосрдно ја гаѓале со камења.Некои од луѓето кои го следеле каменувањето повраќале, рекол за Reuters локалниот жител Ахмед Абдулахи. На погубувањето присуствувал и гувернерот на тој регион поставен од исламистите. Телото на жената потоа било откопано од земјата и однесено за да биде погребани, додал Абдулахи.Маж кој се претставил како судија им рекол на насобраните дека Џамила признала оти имала тројца мажи. Додал дека тие не биле свесни дека се оженети со иста жена и дека сведочеле против неа. Таа пред судот ја признала вината и се согласила да биде каменувана за да си осигури прошка од Бога, рекол судијата. Во многу од муслиманските земји, каде што мажот може да има четири жени, често се практикува каменувањето на казна за непослушноста на жените без разлика дали станува збор за прељуба или кога ќе се одлучи да се омажи за човекот кого самата ќе го избере а не го договорило нејзиното семејство./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.